Жените најчесто се жртви на кривичните дела кои што се случуваат на подрачјето на Куманово. Во 90 проценти од дрските и џепните кражби, измамите по разни основи, како што се од типот на гатачки, продажба на разни опредмети, нудење огревно дрво по поевтини цени, оштетена е женската популација. Ова беше посочено на денешната работилница насловена „ Влијанието и улогата на жената во безбедноста на заедницата“, а организирана од ОБСЕ и СВР Куманово.
-Жените имаат добри идеи во областа на сообраќајот, даваат свои идеи каде и на кои места би било побезбедно и подобро со поставање на сообраќајни патроли, каде би требало да се постави вертикална и хоризонтална сигнализација , изјави Марјан Павличек , СВР Куманово
Целта на ваквите трибини е жените да се поттикнат да соработуваат со полицијата во идентификување на безбедносните закани, што поефикасно да се спречат или да се реализираат.
– Многу е битно како да се препознае и како да помогнеме да се надминат односите, да изградиме доверба во полицијата што може да се постигне со што повеќе вакви проекти и вклучување на повеќе жени во проектите, изјави Ханифе Лимани, учесник од ОУ„Наим Фрашери“
Едукативна работилница за поголемо учество на жените во проектите кои што ги организира полицијата е одржана и во Липково, а надлежните се надеваат дека ваквата активност ќе биде проширена и на останатите подрачја.