ВИДЕО: Месната заедница „Тоде Мендол“ го одбележа Свети Архангел Михаил
Во организација на месната заедница „Тоде Мендол“ викендов беше одбележан празникот Собор на Свети Архангел Михаил.
Традиционално, свештени лица од Кумановско-осоговската епархија ја осветуваат трпезата со славскиот колач, кој подоцна се сече и се дели на присутните.
Овогодишната кума на манифестацијата Цветанка Ивановска кумството го предаде за наредната година на кумановката Марија Наковска.
-Оваа година чест ми падна на мене, јас да бидам кума на оваа манифестација. Им посакувам на сите здравје, среќа и бериќет. Кумството го предадов на младата дама, Марија Наковска. Инаку, кумството се предава на оние луѓе кои што сакаат да го прифатат кумството за наредната година. Се пријавува претходно кумот, а на денот на одбележувањето на Свети Архангел Михаил само се предава кумството“, изјави Цветанка Ивановска, кума на манифестацијата за 2024 година.