Данило Драшковиќ прогласен за најмлад и најдобар пливач на меѓународниот „Немо куп“ во Скопје
Шестогодишниот Данило Драшковиќ од Куманово е прогласен за најмлад и најдобар пливач на 20-ти Меѓународен пливачки митинг „Немо Куп” Скопје изминатиот викенд.
– Драшковиќ пливаше на 50м крал и 50м делфин. Пред него претстои светла иднина, има голем потенцијал во него кој допрва ќе постигнува врвни резултати – истакна тренерот на пливачкиот клуб „Атлета“, Никола Златановски.
Учество на митингот земаа седум натпреварувачи од пливачки клуб „Атлета“ од Куманово, во дисциплина крал на 50м и делфин на 50м.
Врвен успех постигна и Флоријон Рамадани кој освои трето место во дисциплина на 50м.
– Тој исто така пред една недела учествуваше на Меѓународен пливачки митинг „Скопје Опен” постигна солидни резултати во крал 100м и градно 50м -истакна тренерот Филип Миленковски.
Останатите членови Филип Ефремовски, Бесфорт Рамадани, Лара Јакимовиќ, Вања Јакимовиќ, Христина Ристевска постигнаа солидни резултати.
– Горди сме на нивните резултат и ќе продолжиме да работиме попосветено, велат од клубот „Атлета“.
На натпреварот учествуваа над 150 натпреварувачи.