МВР соопшти дека завчера било пријавено дека околу 17.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, атар на село Војник, општина Старо Нагоричане, патничко возило „Фолксваген голф“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(50) од село Талашманце, кратовско, а во сопственост на А.Љ.(25) од Кратово, удрило во пешак Д.С.(69) од Куманово.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, Д.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.