До крајот на месецов се очекува да биде објавен јавен повик за субвенционирање на инвертер клима уреди од општина Куманово. Субвенционирањето е активност предвидена во мерките за заштита на амбиентниот воздух и е дел од мерките на Програмата за активности од областа за заштита на животната средина и природата на општина Куманово за 2025 година. Со мерката ќе бидат опфатени сто семејства кои исклучиво своите домови ги загреваат на дрва и мазут.
-Оваа мерка пред се не е од социјален карактер, туку е повеќе против загадување на воздухот, на амбиенталниот воздух. Направена е комисија, се изготвува правилник за критеруими според кои ќе бидат поделени овие два милиони денари, односно 20.000 денари по семејство. Ќе бидат опфатени сто семејства, приоритети ќе бидат оние што се загреваат на дрва и на мазут, значи оние кои што се најгоелми загадувачи на воздухот, направени се веќе комисиите, направени се приоритетите, се допрецизираат работите и се надевам дека до крајот на јануари веќе ќе излезе како јавен повик со прецизни информации што треба граѓаните да достават, какви формулари ќе треба да достават, а потоа комисијата да постапи според тие критериуми кои што се веќе дадени. Апсолутно очекувам мерката да биде максимално искористена затоа што има луѓе кои што постојано сакаат да бидат информирани, и на мене ми се јавуваат и на другите советници, верувам дека и на луѓето од општината кои што работат во општината кои што се засеганти и се опфатени со оваа проблематика и мислам дека интересот е огромен, особено за оваа мерка, што значи дека можеби треба и да се дуплира за следната година, изјави Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Совет на општина Куманово
-Барањата за оваа мерка ќе бидат поднесувани во архива на општина Куманово во хартиена форма, меѓутоа електронскиот систем е во функција за одредени барања кои што се дефинирани претходно дека барањето може да се поднесува и електронски. Конкретно, меркава ќе се спроведува само во хартиена форма, односно со поднесени барања преку архива, изјави изјава Александар Гелевски, секретар на општина Куманово
