Над сто и педесет актери од театрите во земјава вработени на неопределено време
Дел од вработените во Центрите за култура и театрите во Македонија кои што биле вработени на определено време и нивниот статус завршувал на крајот на 2024, со промените на Законот за култура пред крајот на минатата година, добија трансформација на нивните работни места од определено на неопределено работно време, информираа од министерството за култура.
„Со измените на Законот култура кои ги предложивме, со брз чекор, на 170 уметници од А категорија на кои им висеше нивното работно место, можеа да ги изгубат работните позиции, успеавме на крајот на 2024 во последен момент да ги трансформираме со помош на пратениците во Собранието, кои ги изгласаа промените. Така, конечно овие 170 носители на дејност добија статус уметници на неопределено работно време“, рече министерот за култура и туризам, Зоран Љутков при посетата на Велешкиот театар.