Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
Во Министерството за внатрешни работи вчера беше извршено примопредавање на опрема за поефикасна истрага на местото на настанот во кривични дела кои вклучуваат оружје. Опремата ќе се користи првенствено од Одделот за форензички испитувања и единиците за истрага на местото на настанот во Секторите за внатрешни работи низ целата држава.
Опремата e во вкупна вредност од над 200.000 американски долари.
Предвидените активности и донации се дел од проектот „Зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага на местото на настанот за подобрување на кривично-правната контрола на мало и лесно оружје“ и ќе придонесат за надградување на балистичките капацитети и оперативните активности на Одделот за форензички испитувања при МВР и кон подобрување на аналитичките, техничките и истражните капацитети на единиците за Истрагите на местото на настанот низ Републиката.