Дефекти и интервенции на водоводната мрежа во текот на денешниот ден

Јавното претпријатие „Водовод“ информира за денешните дефекти и интервенции на водоводната мрежа:

-ул. „Вера Јоциќ“ – дефект на водоводна мрежа,

-ул. „Ратко Митровиќ“ бр. 8 – проверка на параметри на водоводна мрежа, поради пријава за намален притисок,

-булевар „Трета МУБ “(сектор вулканизер ТАНИВАЛ) – дефект на водоводна мрежа,

-булевар„ Трета МУБ“ (сектор дом на АРМ) – утовар и транспорт на вишок на земја од изведен ископ на ров за поправка на дефект на водоводна мрежа, како и дотрпување на ров до кота на терен со побивање,

-ул. „Илинденска“ – контрола на водоводна мрежа, чистење на водоводни шахти и по потреба сервисирање на елементи на водоводна мрежа во нив.

Регионалниот центар за управување со кризи информираше и  за други активности на јавното претпријатие „Водовод“.

 –ул. „Бајрам Шабани“ бр. 10 – реконструкција на приклучок на фекална канализација

-ул. „ЈНА“ бб – чистење на фекална канализација

-ул. „Трета МУБ“ – чистење на елементи на атмосферска канализација.