СВР Куманово: Возилата од „Доне Божинов“ подигнати од пајак служба заради поплаки од граѓани

Секторот за внатрешни работи Куманово известува дека возилата од улицата „Доне Божинов“ се подигнати од страна на пајак служба поради поплаки од страна на граѓаните за попречување на нормално движење на пешаците.

„Подолг временски период е констатирано дека наведеното место е небезбедно за пешаците бидејќи истите не можат да се движат по тротоарите со што се доведува до отежнато одвивање на сообраќајот“, се наведува во соопштението.