ВИДЕО: Работилница со мајки и професорки: „Како да се разберат адолесцентите?“
Во рамки на проектот „Заедно сме посилни! Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство“, се одржа уште една инспиративна и содржинска работилница на тема: „Како да се разберат адолесцентите? Препознавање и поддршка во кризни ситуации.“
„Под менторство на проф. д-р Софија Георгиевска, 23 мајки и професорки активно учествуваа во дискусијата, споделувајќи лични искуства, согледувања и совети околу емоционалните и психолошките потреби на младите, предизвиците на адолесценцијата и улогата на мајките и училиштето во поддршката на младите во кризни периоди. Разговорот беше отворен, емпатичен и охрабрувачки, со многу практични насоки и взаемна поддршка“, информира претседателката на здружението „Доверба“ од Куманово, Дивна Јанкова.
Проектот го спроведува Здружението „Доверба“ Куманово со поддршка од Екуменска иницијатива жена од Омиш, Хрватска.