„Срма“ го реализираше второто издание на Меѓународниот детски фолклорен фестивал

Во организација на Детско – младинскиот фолклорен ансамбл „СРМА” викендов се одржа второто издание на Меѓународниот детски фолклорен фестивал, поддржан од Министерството за култура и Општината.

На дводневната манифестација (20 и 21 јуни 2025 год.) настапија детски ансамбли од Македонија и Србија, кои што всушност се чувари и промотори на традиционалните културни вредности и обичаи. На фестивалот се претставија КУД „Панче Пешев“, „Српски вез“, „Срма“, „Динамик“ и „Виртус“ од Куманово, фолклорни ансамбли и културно – уметнички друштва од Кочани, Радовиш, Лозово, Скопје, Штип, Свети Николе, како и културно-уметнички друштва од Прокупље, Бујановац и Врање.

.