Авионско прскање против возрасна форма комарци

Општина Куманово ги известува граѓаните дека на 01.07.2025 година (вторник),  во периодот од 04 до 10 часот на територијата на oпштината ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци. Третманот ќе се изврши на површина од 1270 хектари, а ќе бидат опфатени повеќе локации. Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, истиот ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.