До крајот на октомври годинава ќе трае бесплатниот градски превоз, одлучија советниците на вчерашната седница. За субвенционирање на јавниот превоз во општина Куманово од буџетот ќе бидат одвоени 25 милиони денари, а 2,3 милиони денари за меѓуопштинскиот превоз, информираше раководителот на Секторот за комунални дејности Лидија Ланг- Спасовска на вчерашната седница на Советот на општина Куманово.