Црвениот крст со симулациска вежба за евакуација при земјотрес
Општинската органзиација на Црвен крст од Куманово неодамна организираше симулациска вежба за евакуација при земјотрес. Вежбата по сценарио – силен земјотрес, повредени граѓани, евакуација, е реализрана во соработка со СВР Куманово, ТППЕ Куманово и Итна медицинска помош – Куманово.
„Ваквите вежби се клучни за подготвеност во реални ситуации! Институциите заеднички реагираат – брзо, организирано и прецизно! Кога сите сме на иста страна – се спасуваат животи“, велат од Црвен крст Куманово.