ВИДЕО: Препораки за заштита од топлотниот бран
Лекарите секојдневно апелираат да се почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено хронично болните кои што примаат редовна терапија.
Избегнување на директна изложеност на сончевите зраци во најжешките часови, проветрување на просториите, внесување доволно количество вода и електролити, се само дел од советите на здравствените власти.