ВИДЕО: Да се избегнува престој на отворено при висок УВ-индекс – апелираат дерматолозите
Граѓаните да не се изложуваат директно на сонце во периодот од 10 до 17 часот, да се носи соодветна летна облека и шапки, да се користат препарати за заштита од сонце, очила со УВ-заштита. Ова се само дел од препораките на лекарите за заштита од опасноста на сончевите зраци во летниот период.
Повеќе на ова тема од изјавата на д-р Лилјана Пандиловска, началник на Оддел за кожно- венерични болести во Општа болница Куманово.