Во рамки на Европскиот младински олимписки фестивал EYOF 2025 денеска се одржа велосипедска трка – поединечен хронометар, во должина од 10 км, објави општина Куманово.
Според објавата, во оваа категорија се натпреварувале велосипедисти на возраст од 15 -16 години и возеле на релација с. Пелинце – с.Челопек. Стартот на трката симболично го означил градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Традиционалните олимписките натпревари во оваа категорија се организираат по шеснаесетти пат на европско ниво.