Интервенции на опожарена сува трева во текот на вчерашниот ден

Три интервенции на екипите на Теритoријалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден се евидентирани во дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи.

Во атарот на село Речица, кај силосите на поранешен ЗИК Куманово била опожарена сува трева, а причината, како што се наведува во билтенот е човечки фактор.

Сува трева пожарникарите гаснеле и на улицата „ Никола Тесла“, но и во атар на селото Пчиња. Во овие случаи причината за пожарите не е позната.