ВИДЕО: Движењето ЗНАМ заедно со граѓаните ќе го креира локалниот развој
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија заедно со граѓаните планира да ја креира иднината на општина Куманово. На два пункта во градот, на плоштадот и кај зелениот пазар, кумановци денеска имаа можност да ги достават своите предлози и идеи преку анкетни прашалници за креирање на програмата на Движењетo ЗНАМ за нашата општина во пресрет на локалните избори. Претседателот на општинската организација на ЗНАМ Даниел Стојчевски и Ивана Ѓорѓиевска, член на Извршниот одбор на партијата поразговараа со граѓаните за проблемите со кои се соочуваат, но и за подобрување на животот во Куманово.
По повод третата фаза од теренските активности „Заедно со граѓаните – го креираме локалниот развој“ на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, прес-конференција на градскиот плоштад одржа Ивана Ѓорѓиевска.