Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која советниците ќе имаат можност да расправаат по предложените, 70 точки на на дневниот ред.
На седницата ќе бидат разгледувани предлог-одлуки за годишни вработувања, извештаи и програми на јавни претпријатија, установи и училишта, а ќе биде презентирана и информацијата за преземени мерки и активности од страна на Полициската станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2025 година.
Седницата е со почеток во 10 часот со директен пренос на програмата на ТВ Плус.