Во организација на Асоцијацијата за култура и уметност „Мулти Арт“ и ТВ Плус Куманово во петок, со почеток во 19 часот и 30 минути, во големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи четвртиот фестивал на детски песнички „Бисерчиња“.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во најновите видео записи за „Бисерчиња“, 20 нови рефрени проследени со професионални кореографии.
Билетите се пуштени во продажба, пред Центарот за култура.
Фестивалот е поддржан од Општина Куманово, Министерството за култура и туризам и општествено одговорни компании од градот.
Изминатите три години реализирани се вкупно 26 видео спотови од ТВ Детски музички фестивал „Бисерчиња“.