Во просториите на Општина Старо Нагоричане деновиве се одржа обука за вработените со цел запознавање со концептот на интегритет, значење на намалување на ризиците од корупција и обврски на општините согласно политиката на интегритет.
Обуката беше спроведена како дел од взаемната соработка на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Државната комисија за спречување на корупција и Општина Старо Нагоричане. Обучувачи беа Маја Лазарова од ОБСЕ, Александра Чавдаревска од ДКСК и Горан Доневски од општината.
„Вработените во општината и градоначалникот беа запознаени со концептот на интегритет и етика, преку претставување на елементите на системот за интегритет во ЕЛС и со улогата на лицето за интегритет, обврските за имплементација на политиката на интегритет и можностите за е-учење.
Општина Старо Нагоричане ќе продолжи и понатаму во развој и едукација на вработените со цел добивање на професионална и обучена општинска администрација“, соопштија надлежните.
