Д-р Александра Христова, педијатар и неонатолог денеска пред деветоодделенци одржа стручна презентација на тема: „Popcorn“ бели дробови – сериозно оштетување на респираторниот систем предизвикано од употреба на електронски цигари.
„Денес Општа Болница Куманово со задоволство се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на детето преку едукативна презентација посветена на штетното влијание на електронските цигари врз здравјето на младите. Наш претставник и предавач беше д-р Александра Христова, педијатар и неонатолог, која одржа стручна презентација на тема: „Popcorn“ бели дробови – сериозно оштетување на респираторниот систем предизвикано од употреба на електронски цигари. Презентацијата беше реализирана пред учениците од IX одделение, со цел подигнување на свесноста и превенција од штетните навики кај младите. Како установа, продолжуваме активно да поддржуваме едукација, превенција и здрав развој кај децата и младите од нашата заедница“ , објави Општа болница Куманово.
