-Демантирам дека Советот на Општина Куманово прави опструкција во врска со договорениот став да се свика седница, која ќе биде порано од веќе планираната на 25.2.2026 г. и на која ќе биде ставена точка за проблемот на нашите сограѓани во врска со даночните решенија од УЈП. Имајќи ја во предвид сензитивноста на проблемот, одржавме 2 координации, дојдовме до многу сознанија и идни планови во постапување на нашите сограѓани. Ветивме дека ќе ја ставиме точката на дневен ред, инсистираа да биде порано од предвидената седница, за да помогнеме. Во меѓувреме координирав да се изготват дополнителни можни точки седницата да не биде само со оваа точка, бидејќи не е вонредна седница. Во понеделникот им беше понудено на 17.02.2026г да се направи седница со неколку точки, а нивната да биде прва на која тие ќе елаборираат, ќе се дискутира и ќе се пратат препораки и заклучоци до институции. Имам докази дека понудата е одбиена од нивна страна, благодарат на мојата јавно искажана поддршка и дека се сложуваат точката да биде ставена на редовната седница на 25.02.2026. Значи не станува збор за никакво “купување на време”, ниту “опструкција”, ниту “извисување”, туку за организирање на седници според деловникот за работа на Советот. Ги замолам организаторите на протестите да не манипулираат со кумановската јавност, да се координираат при давање на вакви лажни изјави и ги поканувам на 25.02.2026 г. да го елаборираат својот проблем, а ние како Совет да помогнеме во рамките на нашите надлежности, се наведува во реакцијата на Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Советот на Општина Куманово.