Од осми до десетти август годинава, делегација на Општина Куманово присуствуваше на градската манифестација „Пантелиски дани”, најзначајниот празник на Бијељина, во присуство на бројни делегации на братски и партнерски градови, претставници на дипломатскиот кор и други поканети гости, информираат од Општината.
Според соопштението испратено до медиумите, во рамки на прославата бил организиран пригоден прием за делегациите, свечена академија, полагање на свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци на плоштадот, литургија во црквата Свети Пантелејмон и литија низ градските улици на Бијељина.
„Посетата на збратимената општина во Република Српска, беше искористена за воспоставување на нови пријателски врски и размена на позитивни искуства, со што беше потврдена повеќегодишната соработка“, соопштуваат од Општина Куманово.