Општина Куманово продолжува со градежни активности во спортската сала, објави градоначалникот Максим Димитриевски. Според објавата, во моментов интензивно се работи на партерно уредување на просторот. Паралелно со овие активности, во тек е и изградбата на системот за греење и вентилација, кој е од особено значење за обезбедување современи услови за функционирање на салата.
„Со реализацијата на овие фази, објектот постепено го добива својот конечен изглед и се создаваат услови за современ, функционален и квалитетен спортски простор, наменет за спортистите и сите граѓани на Куманово“, пишува во објавата.