Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти МВР.
Според МВР, лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 32 лица, од кои три за возење под дејство на алкохол, 15 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување со возило. Во истиот период одземени се 13 возила.