Полициски службеници од СВР Куманово вчера извршиле претрес по судска наредба во домот на 55-годишен жител на село Табановце, кумановско, при што биле пронајдени пиротехнички средства, соопштија од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера во 15:43 часот во полицијата, лекар од Итна медицинска помош Куманово пријавил дека кај нив било донесен С.П. (76) од Куманово, кој се здобил со повреди во неговиот дом.