На градскиот плоштад утре во десет часот свечено ќе биде отворена традиционалната саемска манифестација „Денови на мед 2026“, во организација на пчеларското здружение Пчела Куманово, член на Пчеларската федерација на Македонија.
На саемот на мед кој се одржува по 26-ти пат во Куманово ќе учествуваат дваесет и седум производители на мед и пчелни производи, најголемиот дел се од Куманово, а неколкумина излагачи се од други градови.
Деновите на медот се поддржани од Општина Куманово.