Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ денеска го расчистија насобраниот отпад околу железничкиот премин во населба „Перо Чичо“, објави градоначалникот Максим Димитриевски.
Според градоначалникот, чиста и уредна животна средина можеме да имаме само со одговорно одлагање на отпадот и почитување на правилата од страна на сите граѓани.
„За почиста и поуредна општина – потребна е заедничка одговорност“, напиша Димитриевски.