Еден град со историја, луѓе и жители од различни заедници. Еден град каде што соживотот не е само збор, туку реалност што бара посветеност, разбирање и најмногу од се, желба за приближување едни кон други и заедничко дејствување за доброто на сите.
Во овој дух беше реализиран проектот „Заедно за добро на сите“, инициран од Здружението ИЛИРИЈА Куманово, во партнерство со ТВ њуз Куманово, со финансиска поддршка од Министерството за односи меѓу заедниците.
Целта на проектот беше промоцијата на толеранцијата, соживотот и соработката меѓу различните заедници во регионот на Куманово, вклучувајќи го невладиниот сектор, граѓанската заедница, медиумите и влијателни личности во заедницата.