Општина Куманово и Источно Сараево вчеравечер во Занаетчискиот дом потпишаа меморандум за збратимување меѓу градовите. Потпишувањето меморандум беше во рамки на свечениот прием на делегации од збратимените градови, организиран по повод одбележувањето на 82 години од ослободувањето на Куманово. Димитриевски истакна дека Куманово е домаќин на повеќе од 11 делегации од Балканот, односно претставници на пријателски и збратимени градови, а со дел од соработката трае повеќе од три децении.
По свечениот прием на делегациите во Занаетчиски дом и потпишувањето на Меморандумт за сорабтка со Источно Сараево, сите заедно се упатија на градскиот плоштад на традиционалниот празничен концерт. Публиката уживаше во богата музичка програма, со настапи на Анастасија Спасевска, Марио Арангеловски, Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Лука Чомбе, Драгана Јовановска и Филип Александровски, а празничната атмосфера дополнително ја збогатија The Solution, Young Dadi, Bardhi и Brass Brothers.
„Врвот на вечерта го донесе настапот на една од најпознатите македонски музички групи – Next Time, кои со својата енергија и препознатливиот репертоар приредија вистински спектакл. Празничната ноќ беше заокружена со спектакуларен огномет, кој го осветли небото над Куманово и симболично го означи роденденот на нашиот град“, истакна градоначалникот Максим Димитриeвски.
