Во просториите на СВР Куманово денеска се одржа крводарителска акција. Истата е дел од редовните акции кои што ги организира полицијата, три пати во годината. Поддршка на акцијата даде Институтот за трансфузиона медицина и општинската организација на Црвениот крст.
До 11 часот беа соберени над 20 крвни единици, а организаторите се надеваат дека до крајот на денот ќе се придружат над 60-ина вработени.
Полицајците истакнаа дека секогаш со задоволство учествуваат во вакви хуманитарни акции.
Акцијата за дарување крв започна во 9 а трае до 15 часот. СВР Куманово традиционално организира крводарителски акции во текот на февруари, јуни и октомври.