Пукната цевка направи проблеми во Проевце

Пукната водоводна цевка постојано им создава проблеми на мештаните на населбата Проевце. Жителите раскажуваат дека иако пред само една недела работници го решавале дефектот,  утринава околу осум часот, големи количини вода како гејзер излегувале од земја, при што поплавиле неколку подруми, дворови но и оштетиле три автомобили. Тие бараат надлежните што поскоро да го решат овој проблем и повеќе да не се јавуваат вакви дефекти.  Додаваат дека за среќа утринава никој не бил повреден.

-Пукањето на оваа цевка е по 101 пат, сега пред неколку денови но утринава беше многу страшно и опасно вода имаше до висина на далеководот, водата се враќа од висока зона од населба Карпош. Многу сме оштетени, среќа што јас во моментот бев тука ја отворив шахтата за каналот и потоа водата се насочи кон соседите, и тие се доста поплавени-вели еден жител на Проевце.

Директорот на јавното претпријатие Водовод, Горан Стојковски истакна дека се работи за транзитен вод, кој е приклучен на бунарите за високите зони во градот, изграден во 2005 година од Градежен институт Скопје, и останати подизведувачи, а претпријатието го презело за одржување.

-Од самото градење на овој транзитен вод Водовод се соочува со проблеми бидејќи тој е бенефитор кој треба да го одржува овој транзитен вод проблеми со енормно губење на вода, односно дефекти на самиот вод. Поради тоа направивме анализи изминатиот период се обидувавме со заварување, спојки и друго за да го решиме овој проблем, но бидејќи видовме дека ги ставаме на мака не само граѓаните од Проевце туку и самите вработени се изложуваме на огромни трошоци, како што знаете во програмата за работа на Водовод 2017 година една од приоритетни активности ни е замена на полиетиленска водоводна цефка со челична водоводна цефка во транзитен вод во село Проевце. Поради ова ние веќе распишавме тендер кој е завршен на 24- ти март изберена е фирма од Скопје, очекуваме работите да почнат идниот месец ќе бидат сменети 140 метри од полиетиленска цефка со челична ова е дел каде имаме најмногу дефекти во целиот изминат период-нагласи тој.

Директорот на Водовод додаде дека со осигурителна компанија ќе направат проценка за штетите, и жителите на Проевце ќе бидат обештетени.

 

 

 

Коментари

коментар(и)