Преку проект изградена бина во училиштето „Наце Буѓони“

Во рамки на проектот „Од нас, за сите нас“, кој го реализира хуманитарното здружение Мајка од Куманово, вчера во средното училиште Наце Буѓони, беше пуштена во употреба бина.

Целта на проектот е мобилизација на младите и активно вклучување во создавање и креирање на нивни потреби. Заради таа цел учениците од техничкото училиште сами, со поддршка на менторите ја изработуваат училишната бина на која ќе можат да ги презентираат своите активности.

-Дел од активностите на овој проект се веќе реализирани, тоа е изградбата на оваа бина на која се наоѓаме, која ја направивме заедно со помош на ученици од Наце Буѓони кои го вложија својот труд и знаење и исто така го уредивме овој ѕид зад бината на кој се нацртани логата на сите чинители на овој проект.  Оваа бина ќе послужи во иднина за промоција на културни и спортски настани како што е денешниот за обележување на Денот на планетата Земја, 22-ри април, за кој имавме конкурс за ликовни и литературни творби на кои дел од учениците се пријавија и за најуспешните ќе има и награди-истакна Денис Илијевски, кој е дел од проектот.

Проектот „Од нас за сите нас“ на хуманитарното здружение Мајка, кој трае шест месеци, е дел од програмата за демократски развој на Западен Балкан, Релоад, а се спроведува со поддршка на Општина Куманово.

-Во општина Куманово од претходно објавениот повик кој се спроведе во рамки на проектот се одобрени 5 проекти за граѓански организации кои ги спроведуваат во текот на оваа година. Овој проект Од нас за сите нас е еден од тие. Во моментов е во тек нов јавен повик за нови предлог проекти за грантови кои ќе бидат доделени за спроведување на нови проекти за приоритетите на општината за некаде близу средината на 2020 година. Целта на овој проект е да се подобри соработката на општините со граѓанскиот сектор, преку воведување на еден модел на транспарентно финансирање на граѓанските организации од општинските буџети и како една од главните активности на проектот е доделувањето на грантови за граѓански организации во висина од 600.000 евра од сите пет општини, односно доаѓа 120.000 по општини-посочи Ива Колозова, проектен соработник за Релоад.

Во рамки на проектот е предвидено и одбележување на 24-ти мај, Денот на просветителите, кога ќе се одржи Техно саенс, организација на средба на матуранти и за крајот на учебната година е планиран музички хепенинг.

Коментари

коментар(и)