Уапсени гости во локал во Црешево што работел по 21 часот

Уапсени гости во локал во Црешево што работел по 21 часот

Синоќа, 30-ина минути по полноќ, по претходна пријава дека угостителски објект во скопското село Црешево работи по 21 часот, од страна на полициски службеници извршена била контрола во угостителскиот објект, сопственост на Д. П. (56) од Куманово.
Притоа констатирано било дека во локалот се наоѓаат осум лица на возраст од 22 до 65 години од Скопје, Куманово и од Струмица. Лицата се приведени и по насоки на јавен обвинител, како и по целосно документирање на случајот,…

Read More

Кумановскиот театар ќе се реконструира во неколку фази

Кумановскиот театар ќе се реконструира во неколку фази

Како што информираа од Министерството за култура, јавната набавка за реконструкција на кумановскиот театар ќе се распише во првото тромесечје од оваа година.
Реконструкцијата на зградата на театарот е опфатена во Годишната програма за инвестиции во културата за 2021 година и истата содржи проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и националните установи од областа на културата што се носители на активностите.
Надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев”, под чии ингеренции е театарот,…

Read More

„Ни ваму ни таму“: Деликатните односи на Косово со Европската Унија

„Ни ваму ни таму“: Деликатните односи на Косово со Европската Унија

Бутринт Бериша

Внатрешните политички случувања на ЕУ, доведоа до нејзина неспособносст да спроведе доследна и кохезивна политика кон Косово, а што се покажа во случајот на визната либерализација. Косово е единствената земја во регионот која се смета само за потенцијален кандидат од страна на ЕУ.
Косово заостанува во процесот на интеграција во Европската Унија (ЕУ) во споредба со другите земји од Западен Балкан. Генерално, предизвиците на Косово во однос на неговата ЕУ-перспектива може да ги категоризираме во три главни области: домашни, што опфаќа предизвици коишто се однесуваат на…

Read More

Македонскиот пат кон Брисел: Излегување од маѓепсаниот круг

Македонскиот пат кон Брисел: Излегување од маѓепсаниот круг

Малинка Ристевска Јорданова

Конечно треба да признаеме дека ЕУ не може да ни подари добар живот. Мора да имаме своја визија и свој план.
Пред петнаесетина години, во разговор со друга ветеранка од процесот на интеграција во ЕУ од регионот, ѝ се пожалив: „Го добивме морковот исечкан.“ Таа прокоментира: „А ние – рендан.“ Кога сега би се сретнале, веројатно би ѝ рекла: „Го добивме стапот. А заслуживме голем сладок морков.“ На некого надвор од „кругот на европската…

Read More

Македонскиот син Гоце Делчев чествуван и во Куманово (видео)

Македонскиот син Гоце Делчев чествуван и во Куманово (видео)

Македонија го слави раѓањето на големиот идеолог и борец за нашата слобода, револуционерот Гоце Делчев. Изминаа 149 години од неговото раѓање, но неговата идеја за слобода, рамноправност и културен натпревар меѓу народите не ја изгуби својата смисла. Денеска, како никогаш досега, неговите зборови одекнуваат во нашата свест со поттик да ги почитуваме основоположниците на нашето минато, за да ни биде полесно во иднината. Гимназијата „Гоце Делчев“ роденденот на својот патрон го прослави скромно оваа година….

Read More

Интересна изложба во НЦУК „Трајко Прокопиев“ (видео)

Интересна изложба во НЦУК „Трајко Прокопиев“ (видео)

Дека сапунот не е само хигиенско средство, покажува на дело уметницата Симона Манчева, која направи минијатурни, но интересни скулптури од природна, диворастечка флора. Доминантна е лавандата, ароматичната медитеранска билка, што се повеќе се одгледува и на нашите ливади и што поради високата отпорност на суша, станува се поисплатлива. Еве како ги претстави своите дела пред кумановци самата уметница.
 

Read More

Активности на Стопанската Комора за фотографска и видео дејност (видео)

Активности на Стопанската Комора за фотографска и видео дејност (видео)

Од основањето во октомври, минатата година, Стопанската Комора за фотографска и видео дејност оствари повеќе активности низ осумте региони во државава. Вчера се сретнаа во нашиот град за да ги утврдат следните проекти или поточно начинот на делување во услови на протоколи и директната сврзаност со угостителскиот сектор. Генерално се задоволни со третиот и четврти сет мерки, но сепак, појаснуваат дека најмногу остануваат погодени микро правните субјекти од оваа област. Неорганизирањето на свадби и други…

Read More

Триумфален крај за КК Куманово 2009 во првата фаза на БИБЛ (видео)

Триумфален крај за КК Куманово 2009 во првата фаза на БИБЛ (видео)

Македонскиот прволигаш Куманово со победа над Берое од 93-80 ја заврши првата фаза од годинашното издание во БИБЛ лигата. Дури тројца играчи на Куманово постигнаа над 20 поени.
Кумановци како и ТФТ во петок ќе ги дознаат противниците за втората фаза.
Двата македонски претставници Куманово и ТФТ обезбедија пласман во втората фаза во која покрај нив ќе учествуваат и Академик-Пловдив и Берое-Стара Загора од Бугарија, односно Хапоел Холон и Хапоел Гилбоа Галил од Израел.
 

Read More

6 мигранти од Пакистан приведени во Куманово

6 мигранти од Пакистан приведени во Куманово

Според Билтенот за дневни настани на МВР, на 03.02.2021 во 18:30 часот во село Ваксинце по претходно добиени оперативни сознанија од страна на Одделот за криминалистичка полиција Куманово биле приведени шест мигранти од Пакистан.
При извршената контрола кај лицето М.Р.(33) од Пакистан бил пронајден еден пиштол со неколку куршуми.
Сите лица се приведени за понатамошна постапка.

Read More

Уште еден угостителски објект е затворен

Уште еден угостителски објект е затворен

Угостителски објект лоциран во центарот на Куманово вчеравечер бил затворен од полицијата, поради непочитување на мерките за заштита од коронавирусот. Пријавата дошла од страна на еден граѓанин при што полициските службеници од СВР Куманово извршиле контрола и констатирале дека освен што ојектот работи и по дозволеното време, не е ниту регистриран за својата дејност. Казнети биле пет лица – гости и сопственикот Г.Р (49), против кој ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More
1 63 64 65 66 67 85