Пропаднати шахти и уништени тротоари низ градот

Пропаднати шахти и уништени тротоари веќе подолг временски период им задаваат главоболки на кумановци. Возичите раскажуваат дека поради шахтите кои не се на ниво на асфалтот, најчесто им страдаат амортизерите и останати делови поврзани со предниот дел на автомобилот.
Велат дека тие претставуваат опасност и за безбедноста во сообраќајот, бидејќи постојано се обидуваат да ги избегнат со заобиколување. Додаваат дека најмногу проблеми имаат при дождливо време, кога истите се полни со вода, па не ги забележуваат.
Вакви…

Read More

Колегите се збогуваа од Павлевски

Колегите и соработници од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и Театар Куманово денеска се простија од директорот Роберт Павлевски, кој утринава загина во сообраќајна незгода. На комеморацијата  во центарот со кој раководеше во изминатите осум години, тие се осврнаа на неговата љубов кон театарот и посветеноста во работата.
-Ќе те сочуваме во нашите спомени онаков каков што беше ведaр, позитивен, секогаш во брзање. Го молиме Господ да им даде утеха и сила на неговото семејство да…

Read More

Деца се уште просат по улиците

Деца на возраст до десетина години наместо во училишни клупи, денот го поминуваат просејќи низ кумановските улици. Тие најчесто можат да се забележаат на семафорите на крстосницата во близина на Градскиот кеј, автобуската станица, плоштадот и пред поголемите маркети. Иако најчесто бегаат и не сакаат да зборуваат за уличниот живот, велат дека не се на училиште, затоа што не ги пуштат родителите.  Од Центарот за ромска заедница, ДРОМ велат дека и покрај нивната заложба овие…

Read More

Загина директорот на Центарот за култура

Во тешка сообраќајна незгода што се случи утринава на булеварот Трета МУБ, загина директорот на Центарот за култура, Роберт Павловски.  Според информациите на МВР, сообраќајката се случила еден час по полноќ, откако возилото марка „Субару импеза“, излетало од патот и удрило во бетонски ѕид во близина на поранешен Дом на АРМ. Поради здобиените повреди, Павловски загинал на лице место, а тешко повредени се И. М (26) и И.Б (29), кои се пренесени на скопските клиники,…

Read More

Се поставуваат тротоари на улицата „Стево Филиповиќ“

Жителите на улицата „Стево Филиповиќ“ која се наоѓа во населбата Перо Чичо, наскоро ќе добијат тротоари. Нови бекатон плочки ќе се постават и околу влезот на основното училиште Христијан Тодоровски Карпош. Во моментов се работи на ископи, се поставува тампон и рабни ивичници. 
Граѓаните велат дека на овој начин ќе се реши деценискиот проблем со нивната улица. Додаваат дека овој дел не е безбеден за пешаците,  особено за учениците кои немаат каде да се движат.
-Ако не…

Read More

Температурните разлики создаваат проблеми кај кумановци

Наглите промени на температурите негативно влијаат врз здравјето на граѓаните. Кумановци велат дека  имале можност да го искористат топлото време и да прошетаат на свеж воздух, но ниските температури во утринските и вечерните часови им создаваат сериозни здравствени проблеми. Само редовната терапија може да им помогне да се прилагодат на овие временските разлики, кои не се вообичаени за овој период од годината. Од наглите климатски промени најмногу се погодени децата. Од детското одделение при Општата болница,…

Read More

Заврши проектот Меѓуетничка интеграција

Во основното училиште Христијан Тодоровски Карпош денеска се одржа завршна манифестација на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, кој го спроведуваат со партнер училиштето Седми март од село Опае. По тој повод, учениците од двете училишта на македонски и албански јазик, изведоа богата културно-уметничка програма. Директорката на основното училиште Христијан Тодоровски Карпош, Лидија Костиќ истакна дека постои интерес за продолжување на соработката.
-Ова е круна на нивната работа досегашна, сите заеднички и самостојни активности, се планира…

Read More

ОУ „Наим Фрашери“ ќе добие нови тоалети

Основното училиште Наим Фрашери наскоро ќе добие уредени и опремени санитарни јазли. За оваа цел Министерството за образование и наука ќе одвои околу 50.000 евра. Директорот на училиштето Мухамед Зекери се радува што овој дологодишен проблем наскоро ќе биде минато. Вели дека со санацијата која е планирано да заврши до април наредната година, ќе се зголеми хигиената и ќе се создадат услови за нормално функционирање на голем број ученици кои тука се образуваат.
-Имаме работено на…

Read More

Прегазен велосипедист во Доброшане

Шеесет и двегодишниот велосипедист С.С синоќа бил прегазен од камион кој го управувал педесет и осумгодишниот М.Т,  во сообраќајна незгода што се случи на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населбата Доброшане.
До несреќата дошло во 17 часот и 45 минути, откако товарно моторно возило, движејќи се од периферијата кон градот, со предната десна страна удрило во велосипедистот. Повредениот веднаш со возило на Итна помош бил пренесен во болницата, но поради тешките телесни повреди со кои се…

Read More

Се одржа трибина за дијабетес

„Дијабетес-превенција и лекување“ е тема на трибината која се одржа синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а ја организираше општинскиот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.  Трибината е по повод 14-ти ноември, Меѓународниот ден на борба против дијабетес, а пред присутените за типовите на шеќерната болест, дијагостицирањето, лековувањето, компликациите и превенцијата зборуваше Миомир Панковски, интернист од Центарот за јавно здравје од Куманово. Тој апелираше граѓаните при секој почувствуван симптом на пиење…

Read More
1 366 367 368 369 370 381