Непречена испораката на огревно дрво

Непречена испораката на огревно дрво

Околу 80 проценти од предвидената количина на огревно дрво  испорачала кумановската подружница на „Македонски шуми“ на граѓаните со коишто има склучено договор. Надлежните информираат дека испораката до физичките лица во трите кумановски општини се одвива непречено. Шумско стопанство годишно испорачува околу 50.000 метри кубни дрва.
-Останаа уште  20 проценти , триста метри просторни кои ќе се испорачаат наредните денови што зависи од временските услови, три недели не можеме да влеземе во планина поради дожд и кал,…

Read More

Успешна крводарителска акција на полицијата

Успешна крводарителска акција на полицијата

Во просториите на СВР Куманово денеска се одржа редовна крводарителска акција, трета во тековната година која ја организира СВР Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од скопје и општинската организација на Црвениот крст.
Во акцијата се вклучија 60-тина вработени од кумановската полиција кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост.
-Редовен крводарител сум, досега 11 пати сум дарувал крв, мојата порака е помасовно да се дава крв за да се спаси нечиј живот, тоа е хумана…

Read More

Улицата „ Трајко Прокопиев “ ќе биде санирана

Улицата „ Трајко Прокопиев “  ќе биде санирана

Улицата „ Трајко Прокопиев “ во населбата „Перо Чичо “ деновиве ќе биде санирана, но не и асфалтирана бидејќи со децении не се решени комуналните проблеми . Кога ќе се изгради подземната  инфраструктура дури тогаш  ќе се отвори можност да се изготвува проект за патната инфраструктура . Ова е одговорот на градоначалникот Зоран Дамјановски на барањето на жителите улицата да биде асфалтирана.
– Mора да се најде некое решение во насока да се истампонира, да се…

Read More

Претседателката на „УНИТ“ утре на суд

Претседателката на „УНИТ“ утре на суд

Претседателката на здружението на стечајни работници, Лилјана Георгиевска утре треба да се појави на судење во скопскиот Основен суд 1 поради нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување на материјална штета на протести пред Владата. Прекршочната пријава против Георгиевска е од 2014-та година. Иако таа деновиве примила две покани од судот за истото дело во два различни термини, сепак вчера кога отишла во Скопје била известена од адвокат дека станувало збор за грешка и…

Read More

Се одбележува Недела на гладта

Се одбележува Недела на гладта

Општинската организација на Црвениот крст од Куманово организира продажба на вредносни ваучери по симболична цена
од 20 денари.  Целта е  собирање на средства за изработка на прехранбено-хигиенски пакети кои подоцна ќе бидат доделени на социјално најранливите семејства од градот. Хуманитарната акција е по повод Неделата на гладта која ссекоја година се одбележува од 16 -ти до 22  октомври.
Инаку, Црвениот  крст на Република Македонија се вклучува во одбележување на неделата на гладта преку организирање на кампања под…

Read More

Мигрантите седум месеци „заглавени“ на Табановце

Мигрантите седум месеци „заглавени“ на Табановце

60-ина мигранти од вкупно 1.500 колку што останаа во транзитниот центар при затворањето на балканската рута  во март годинава, се уште престојуваат на Табановце. Најголем дел од нив во сопствена режија преку шверцерските канали заминаа од нашата држава, бидејќи нивната цел не е да останат во Македонија туку да го продолжат патот кон западноевропските земји. Бројката на овие мигранти  е иста последниве неколку месеци. во транзитниот центар се заглавени  14 семејства од Сирија и едно…

Read More

Повеќе средства за градскиот базен

Повеќе средства за градскиот базен

„Предлог – измената на Планот на програми за развој на Општина Куманово е само уште една потврда на нашите дискусии дека се донесува  нереален буџет, предимензиониран, во кој средствата не се распределени спрема приоритети  и е далеку од реално остварлив буџет, односно претставува буџет на желби, рече координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Драган Петковски на денешната седница во врска со оваа точка на дневниот ред. За опозицијата е несфатливо да се намалуваaт средства…

Read More

„ Чистота“ не е надлежно за одржување дворни места

Станбените задруги имаат обврска да ангажираат лица или организации кои што ќе го одржуваат дворното место околу зградите, истакнаа денеска  вработени во јавното претпријатие чистота и зеленило реагирајќи на пресконференцијата што ја одржа општинскиот комитет на вмро дпмне минатиот петок во малиот парк кај средното училиште перо наков. Според радомир јовановски раководител во комуналното претпријатие, чистота и зеленило работи според програма за одржување на јавно прометни и зелено-цветни површини за 2016 година усвоена од Советот…

Read More

„11 Октомври“ го прослави патрониот празник

Во општинското основно училиште„ 11 Октомври “ денеска се одржа завршната манифестација по повод патрониот празник . Присутните имаа можност да проследат  музичко сценска изведба на сегменти од најпознатото дело на  Шекспир „Ромео и Јулија“. Во чест на празникот на училиштето реализирани се повеќе активности. Беше распишан литературен и ликовен конкурс на темата „Шекспир -вечна инспирација“ , под мотото „Знаеме што сме , не знаеме што ќе бидеме“, истакна директорката Елизабета Костадиновска Костиќ.
Основното училиште измината…

Read More

Оливер Андонов во посета на СВР Куманово

Оливер Андонов во посета на СВР Куманово

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов денеска беше во работна посета на СВР Куманово. Во отсуство на началникот на СВР Куманово, информациите за безбедносната состојба во кумановско  и сите останати активности на секторот за внатрешни работи Андонов ги доби од  заменик началникот  Моме Јакимовски.
– Убеден сум дека наводните денешни неодложни обврски на началникот на СВР Куманово поставен од привремениот министер Спасовски не беа толку неодложни да не биде тука за да се видиме…

Read More
1 414 415 416 417 418 450