Одбележана Европска недела на мобилност

Одбележана Европска недела на мобилност

Велосипедска трка на која учествуваа педесетина велосипедисти од основните училишта во градот се одржа денеска на булеварот „Октомвриска револуција“.  Активноста беше во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност  под покровителство на министерството за животна средина и просторно планирање, преку одделението за екологија во општина Куманово. Велосипедистот Христијан Максимовски од основното училиште „Кочо Рацин“  беше најбрз меѓу учесниците на трката.
-Веќе три години се занимавам професионално со велосипедизмот, многу лесно беше, се натрпеварувам на многу…

Read More

Дводневен саем „Денови на мед“

Дводневен саем „Денови  на мед“

Минувачите на градскиот плоштад во четврток и петок неделава ќе имаат можност да дегустираат мед, матичен млеч, полен, прополис, восок и истите да ги купат по пониски цени од вообичаените кои можат да се најдат по продавниците.  На  пчеларскиот саем „Денови на мед 2016“ можат да се најдат пчелни производи од  десетина домашни производители, а се организира  по 16-ти пат  во организација на здружението „Пчела“ .
-Има пријавено 12-13 учесници засега,  но верувам дека нема сите…

Read More

Одбележан роденденот на Драган Богдановски

Одбележан роденденот на Драган Богдановски

Почитувачите на ликот и делото на Драган Богдановски, вчера го посетија неговото вечно почивалиште во чест на неговиот роденден и положија цвеќе.
Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ,Драган Петковски, рече дека Богдановски е еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ , а се собрале да одбележат 87 години од раѓањето на еден од основачите на партијата ВМРО ДПМНЕ,  идеологот  Драган Богдановски,кој почина пред 18 години и е погребан на градските гробишта во Куманово.
„Се собравме сите почитувачи на…

Read More

До утре трае вториот оглас за самовработување

До утре трае вториот оглас за самовработување

Дел од 56-мината граѓани кои што ја користат мерката самовработување веќе започнале сопствен бизнис со грант од 3.000 евра неповратни средства. Најголема заинтересираност во Куманово има за занаетчиски работилници, мали производствени капацитети, но и за продавници. Новопечените бизнисмени се задоволни од програмата што ја нуди агенцијата завработување. Велат доколку им тргне работата, најверојатно ќе користат и друга мерка од програмата
-Преку мерката самовработување земав грант и отворив книжарница во населбата Перо Чичо во близина на училиштето,…

Read More

Загина пешак во населбата „ Ајдучка чешма“

Загина пешак во населбата „ Ајдучка чешма“

75 годишна кумановка  загина вчера попладне во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово -Свети Николе во населбата Ајдучка Чешма. Во неа удрил автомобил „голф“  со кумановски регистарски таблички управуван од 31 годишен кумановец . Според изјавите на очевидци , возачот иако се обидел да ја избегне трагедијата, сепак сообраќајката заврши со смртни последици. Здобиените повреди при падот на асфалтниот пат биле фатални за старицата.
-Видов дека момчето кочеше, а жената ја премина улицата. Но во еден…

Read More

70 години од пензионерските активности

70 години од пензионерските активности

Ако во првите години од  основањето  здружението на пензионери Куманово го трасираше својот пат,  а потоа следеше период на програмирани активности,  во последните десетина години  успеа да се етаблира во едно од најорганизираните здруженија во нашата држава, рече во пригодното обраќање пред присутните претседателот Спирко Николовски на свечената академија во младинскиот културен  центар по повод  седумдецениското активно делување на здружението. Во здружението членуваат  13.460 пензионери организирани во 34 пензионерски ограноци на подрачјата на општините Куманово,…

Read More

ДПМНЕ: Оштетен ѕид -опасност за учениците

ДПМНЕ: Оштетен ѕид -опасност за учениците

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска побара да биде сменет директорот на основното училиште „Кочо Рацин“  бидејќи како што велат од партијата со својата негрижа ја загрозил безбедноста на учениците. Според  советничката Злата Божиновска, оштетниот ѕид пред главниот влез на училиштето, но и уништениот ѕид кај споредниот влез се опасности кои што ги демнат учениците секојдневно.
-Се прашуваме: Дали директорот на ова училиште сето ова го забележал? Што треба да се случи за да може и…

Read More

Волонтери од Црвен крст на државен натпревар

Волонтери од Црвен крст на државен натпревар

Во сабота викендов ќе се одржи државен натпревар по прва помош во Кавадарци. Со вежба за укажување прва помош при одредена повреда ќе се натпреваруваат и волонтерите од Клубот на млади во општинската организација на црвениот крст Куманово.
-Темата на државниот натпревар ќе ја дознаеме малку подоцна.  Оваа година очекуваме да бидат или поплави или земјотреси бидејќи тоа е актуелно што се случи годинава.
Прва помош е нешто што треба барем по една личност од семејството да…

Read More

Обука за прва помош во „Развигорче“

Обука за прва помош во „Развигорче“

Со изведување показна вежба за правилно укажување на прва помош во присуство на најмладите во градинката Развигорче општинската организација на црвениот крст го одбележа светскиот ден на прва помош. Кратка обука и предавање за прва помош од страна на волонтерите на црвениот крст освен дечињата имаа и нивините воспитувачки, кои што во текот на работното време цело време се со децата. Волонтерите сметаат дека воспитувачките имаа солидно познавање на темата прва помош.  Обуката беше во организација…

Read More

Психијатриски третман за убиецот на полицаецот

Психијатриски третман за убиецот на полицаецот

Основното јавно обвинителство – Куманово го доби вештачењето за состојбата во која се наоѓал и се наоѓа осомничениот за убиството на полицискиот службеник, што по Наредба на надлежен јавен обвинител ги подготви јавната здравствена установа – Психијатриска болница – Скопје. Согледувајќи ги наодите и мислењето кои укажуваат на непресметливост на лицето, јавниот обвинител до Основниот суд – Куманово достави Предлог за определување на мерка – Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.
Настанот се случи…

Read More
1 417 418 419 420 421 450