ВМРО ДПМНЕ ќе иницира изградба на кружен тек

Со симболично блокирање на крстосницата помеѓу булеварите Октомвриска револуција и Трета Македонска ударна бригада, општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Куманово денеска го изрази револтот поради сообраќајниот хаос, за кој како што посочија од партијата директно е одговорна неспособната локална власт.
– Токму оваа крстосница е одберена  бидејќи е синоним за невидено лошо, нестручно изработено и нееефикасно сообраќајно решение кое предизивикува големи материјални штети и трагични последици, изјави Бране Петрушевски, член на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово
ВМРО…

Read More

Граѓаните немаат еднаков пристап до вода

6,6 проценти  од граѓаните  на општина Куманово се снабдуваат со вода за пиење од сопствени бунари и јавни чешми, а тоа пак значи дека овој процент на население нема  пристап до безбедна вода за пиење. Во однос на пристапот до  санитација односно одведување на отпадните води 21,6 проценти од вкупното населние во општина Куманово користат индивидуални септички јами,  а исто толку жители и немаат третман на отпадните води, информираат надлежните од центарот за јавно здравје….

Read More

Раководството на Окта во посета на општината

Менаџерскиот тим на рафинеријата Окта денеска беше во работна посета на локалната самоуправа. Со оваа средба се официјализираше меморандумот за соработка меѓу општината и компанијата  како  странски инвеститор. Повод за посетата беше запознавање со првите луѓе на градот , кој пред Нова година доби противпожарно возило донација од Окта  со што територијалната противпожарна единица го зголеми возниот парк.
-Суштината на соработката е бидејќи ние сме единствена голема општина која е во непосредна близина на компанијата која…

Read More

70 контејнери за селективен отпад доби Куманово

Куманово доби 70 контејнери и корпи наменети за селективно одлагање на смет. На денешната седница беше усвоена предлог одлуката  за отстапување на користење, управување и одржување на садови за собирање на отпад од пакување на јавното претпријатие „ Чистота и зеленило “. Но, освен што советниците се интересираа каде ќе бидат поставени  донираните контејнери, тие дискутираа и за хигиената во градот, односно за нередовното изнесување на смет од екипите на чистота и зеленило поради што…

Read More

Промовирани две нови книги

„Холограмска парадигма“ од авторот Jасминка Наумовска и „Засолниште на имагинација“ од Горан Стевчевски се книгите кои што беа промовирани вчеравечер.  Проблемот на човековото функционирање на индивидуално и психолошко ниво,  како и на групно и колективно  е централна тема на книгата.  Идеите изложени во книгата во голем дел произлегуваат од практичната работа со клиентите кои се трудат да избегнат или да достигнат поголемо ниво на зрелост и да го откријат сопствениот идентитет, а еден дел од…

Read More

Деветмина повредени во сообраќајна несреќа

Седумгодишно девојче со тешки телесни повреди е префрлено на клиниката Карил во Скопје, малолетно момче со телесни повреди е задржано во кумановската болница и седум други лица со полесни повреди на кои им била укажана помош, а потоа се пуштени на домашно лекување е билансот од синоќешната сообраќајна несреќа што се случи во Куманово кај спортската сала. Сообраќајката настанала  на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и „Григор Прличев “ при судир на два автомобила,шкода и…

Read More

Показна вежба за евакуација на деца од градинка

За само три минути денеска беа евакуирани и спасени од огнена стихија децата од градинката Ангел шајче во близина на спортската сала. Во пресрет на утрешниот ден на пожарникарите денеска беше организирана тактичко-показна вежба за евакуација на деца од градинка при случај на пожар. Успешната акција беше во реализација на претставниците на територијалната противпожарна единица Куманово, општинскиот противпожарен сојуз, екипите на Црвениот крст, дирекцијата за заштита и спасување, претставници од отсекот за превенција од СВР…

Read More

Се запишуваат првачињата

Околу 1.550 првоодделенци треба да се запишат во основните училишта во Куманово за учебната  2016-17 –та година . Уписите кои што стартуваа  на први мај ќе траат до крајот на месецов, но искуствата покажуват дека првачињата се запишуваат се до септември. Досега околу 30 проценти од родителите ги запишале своите деца на училиште, информираат од Секторот за образование од општина Куманово.
-Овие деца се родени во 2010,а во прво одделение можат да се запишат и родените…

Read More

Голем интерес за субвенции во земјоделството

Околу 700 земјоделци од Куманово аплицирале за субвенции во подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Согласно програмата за финансиска поддршка за земјоделството право на аплицирање до 30-ти јуни имаат земјоделците кои се занимаваат со растително производство односно со полјоделство, градинарство, лозарство, овоштарство и производство на сертифициран семенски и саден материјал како и земјоделците кои се занимаваат со сточарство.  Земјоделците и покрај тоа што имаат можност да ги пополнат обрасците на барањата за…

Read More

166 избирачки одбори во општина Куманово

Според Роковникот за извршување на изборни дејствија, денеска почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 5 –ти јуни. Изборната кампања ќе трае до 3 –ти јуни на полноќ.
Изборната кампања, како што стои во Роковникот, предвидува јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи…

Read More
1 428 429 430 431 432 450