Живот без струја и пари

Четиричлено семејство од селото Старо Нагоричане четири месеци е без струја во својот дом.  40 годишната Виолета Додевска е самохрана мајка со три малолетни деца. Свеќата е единствениот извор на светлина кај нив во вечерните часови. Причината за исклучувањето била заостанат долг од околу 3.000 евра кон ЕВН.
-Груевски пола долгот ми го отпиша, уште 1.400 евра имам долг, ми рекоа во ЕВН 1.000 евра да внесам за 3 дена и уште 400 евра, јас ги…

Read More

Матурантите полагаат државна матура

Од денеска до петок во средното стручно училиште Перо Наков ќе се полагаат екстерните испити од државната матура во августовскиот испитен  рок. Матурантите од Куманово, Липково и Крива Паланка кои не положиле во јуни или пак биле спречени да се јават на испитот денеска го полагаат мајчиниот јазик, а воедно имаат можност да добијат  диплома за положена државна матура.
-Ќе полагаат училиштата од Куманово Гоце Делчев, Перо Наков, Наце Буѓони и Сами Фрашери, потоа гимназијата Исмет…

Read More

Ќе проработи Центар за ран детски развој

Првиот приватен Центар за ран детски развој во Куманово денеска го доби решението за отпочнување со работа. Од вкупно 15, ова е трет приватен центар во државава кој е наменет за децата од предучилишна возраст , а за дел од вработените ќе бидат искористени  поволностите на владините мерки за вработување, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
– Особено е битно да се спомене  дека многу голем број од овие приватни субјекти ги користат…

Read More

Јавен повик за проектот за енергетска ефикасност

Преку проектот за енергетска ефикасност, енергетски ќе бидат заштитени зградите во централното градско подрачје чии што станари 100 процентно се одлучиле да ги променат  прозорците и балконските врати за да дојде до израз фасадата и кровната конструкција. Исто така еден од условите е и регулирана сопственост на становите која заинтересираните во изминатиот период  можеа да ја завршат преку постапката за приватизација, вели Горан Митевски од Секторот за евроинтеграции. Станарите кои сакаат да се вклучат во…

Read More

Завршуваат подготовките за ликовната колонија „Куманово“

Од 18-ти до 27 август ќе се одржи 41 –та по ред ликовна колонија „Куманово“ во спортско рекретивниот центар Пелинце.  Досега се пријавиле десетина ликовни уметници од  Македонија, Србија и Бугарија, а се чека на потврда за учеството и на ликовен уметник од Република Српска, вели Цоки Ристовски од Секторот за култура.
-Има некои уметници кои учествувале на оваа колонија пред околу десетина години, нема уметници од минатата година, ние сакаме да не ни се повторуваат…

Read More

На пеколни температури, кумановци без вода

Населбите во повисоките зони од Куманово на близу 40 степени целзиусови немаат вода и по неколку дена. Граѓаните мака мачат ноќе да ги наполнат  бурињата и пластичните шишиња за да можат колку толку да функционираат. Тие велат дека и кога водата ќе дојде, притисокот е многу слаб поради што машините за перење алишта и бојлерите не можат да ги користат.
-Месец дена нема редовно вода, ноќе дојде, дење ја нема, ако станеш ноѓе да наполниш шишиња…

Read More

Меѓународен тамбурашки фестивал во Куманово

Традиционално по 11- ти пат  во Куманово ќе се одржи Меѓународниот тамбурашки фестивал. На 21 И 22 месецов  на градскиот плоштад граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на тамбурата на  оркестри од градот и од странство. Првата фестивалска вечер ќе ја отворат кумановските тамбураши.
-Ќе имаме гости, ќе биде Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ, јас ќе пеам заедно со моите тамбураши за да главната атракција или ѕвезда на вечерта биде господинот Мирослав Шкоро со својот…

Read More

Угинат крупен добиток од „шушкавец“ во липковско Гошинце

Заразна болест „шушкавец “се појави во липковското село Гошинце. Неколку домашни животни веќе угинале, а не се знае дали и колку други се заразени.  Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи станува збор за шест животни – крупен добиток. Случајот вчера го пријавил Исмаил Авни, жител на Гошинце во Центарот без да прецизира која е причината за појавата на оваа заразна болест бидејќи досега не ги користеле услугите на ветеринарните служби за лекување…

Read More

Татко и син од Штип одгледувале „канабис сатива“

71 насад од растението „канабис сатива“ со висина и над два метра  откри полицијата во кратовското село Татомир. Марихуаната ја одгледувале  штипјани, татко и син, а текот на неделата  насадите биле полевани по неколку пати.  Заедно со откорнатото растение, полицијата одзела и пластични канти, гумени црева, шишиња со течност за прехрана на насадите и шприцеви. Повозрасниот  59 годишен жител на Штип е приведен во заседа, информираат од СВР Куманово
-По претходно добиено оперативно сознание дека лицето…

Read More

Запишани помалку првачиња од лани

364 деца се уште не се запишани во прво одделение и покрај тоа што фигурираат во списоците кои што надлежните органи ги имаат доставено до кумановските основни училишта. Од Секторот за образование очекуваат дека бројката ќе се намали со оглед на тоа што запишувањето на учениците трае до почетокот на учебната година, а во изолирани случаи и после тоа. Дел од причините за намалување на бројката на првачињата се отселувањето на населението од градот или…

Read More
1 444 445 446 447 448 449