Две сообраќајни несреќи за 12 часа

28 годишно момче од селото Лојане, липковско е повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово на улицата „Железничка“ во близина на касарната „Боро Менков“. Според информациите од Секторот за внатрешни работи до сообраќајката дошло поради непрописно свртување од главната улица кон споредна. Конкретно, возачот  на автомобил марка „голф 3“  со иницијали Љ.М. движејќи се од центарот на градот кон периферијата се обидел да сврти лево,  притоа не давајќи му предност на такси возилото што…

Read More

Чавков и Савовски во посета на Куманово

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност  Горанчо Савовски денеска се сретнаа со претставници од месната заедница „Тоде Мендол“ во Куманово, како и со претставници на невладините организации. Целта на посетата е да се направи согледување за моменталната состојба на подрачјето на оваа месна заедница и заеднички да се утврдат приоритетите за дејствување и зајакнување на комуникацијата помеѓу полицијата и граѓаните. На работната средба се разговараше  за теми кои…

Read More

Мигрантите добиваат здравствена помош во болницата

Околу 30 мигранти, од кои две деца побарале лекарска помош во кумановската Општа болница, последниве десетина дена. Во најголем број случаи тие имале поплаки за болни стопала како последица на долгиот пат кој го поминале од своите родни земји  до нашиот град.
– Измачени од долготрајно одење најчесто имаат пликови, крвни подливи, рани, нашата помош се состои во тоа што хируршки ќе ги обработиме, стопалата ќе ги преврземе и потоа има некоја хуманитарна група која се…

Read More

Градскиот Кеј во полутемнина

Граѓаните на Куманово шетаат по уреден Кеј, но имаат поплаки на осветлувањето. За разлика од порано кога слободно се движеле по пешачката патека  и одморале на клупите, сега повозрасните кумановци се плашат дека можат да станат мета на крадци или на хулигани. Овој проблем беше истакнат на последната седница од советничката Снежана Захариева. Таа побара одговор од градоначалникот Зоран Дамјановски дали и како може да се надмине оваа состојба бидејќи и помладите , но и…

Read More

Бесплатни превентивни прегледи за кумановци

Седумдесетина кумановци од кои поголемиот број беа повозрасни граѓани, денеска се приклучија на програмата  „ Здравје за сите“ што се одржа пред центарот за култура „Трајко Прокопиев “. Акцијата ја организира министерството за здравство и тоа на секои два месеци по една акција во сите градови низ државава.
-Тоа се бесплатни превентивни прегледи, се мери тежина, височина, крвниот притисок  и шеќер во крвта кај луѓето. Кај тие што ќе откриеме повисоки вредности ги упатуваме на понатамошни…

Read More

20 куќи ќе бидат целосно урнати во населбата „Тоде Мендол “

Од денеска започнаа да се уриваат оштетените куќи во населбата Тоде Мендол. До темел ќе бидат срушени 16 куќи кои во полициската акција против терористите беа целосно запалени и уште 4 куќи во кои нема услови за живот, поради што сопствениците привремено живеат  под кирија. Жителите се задоволни од одлуката на Владата да им ги исплати парите во рок од 15 дена после завршувањето на градежните активности, согласно извршената проценка на оштетувањето од надлежната комисија.
-Добивме…

Read More

Започнува сезоната на пожари

Со летните температури вообичаено се зголемуваат и интервенциите на противпожарната единица во Куманово.  Периодов имало неколку пожари од помали размери, за кои командирот Деан Илиевски вели дека се движат во рамките на нормалата.
-Имаме десетина интервенции на отворен простор но тоа  се од помал размер , 3-4 декари така што се уште не е зафатена онаа манија на палење што би рекле ние кога луѓето масовно палат, се работи за поголеми површини зафатени од пожар, меѓутоа…

Read More

Проектот за Чоробенско ќоше „на пауза“

Се уште не се знае кога ќе започне да се гради административно-деловниот објект на Чоробенско ќоше. Изведбениот проект веќе подолго време е изготвен со сите планирани фази, тврдат надлежните, но за да се отпочне со реализација општината прво треба да го реши прашањето околу сопственичкото право на дел од земјиштето па дури потоа да добие согласност од Комисијата за експанзија на градби.
-Имаме околу 300 метри квадратни површина која не е сопственост на РМ. За да…

Read More

Четириесетина жалби до Советот за етика

37 претставки примила  Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите последниве шест месеци.  Поплаките најчесто се однесувале на ситуации во кои имало говор на омраза во медиумите против одредени групи во општеството на различна основа, етничка, верска, сексуална,  ситуации кога се поттикнува дискриминација, кога има клевета, навреда,  кога се открива идентитетот, особено на малолетни лица или пак станува збор за нарушување на приватноста. Ова меѓу другото беше речено на денешната дебата „Информирај и…

Read More

Мигранти приведени во Ваксинце

Во пет објекти од вкупно 10 во кои е извршен претрес  утринава во липковско ваксинце полицијата отктри 128 илегални мигранти. Акцијата  беше спроведена под сомнение дека се криумчарат мигранти во селото. Најголем дел од нив се од Сирија, Ирак и од останатите земји на Блискиот Исток. Според портпаролот на МВР, Иво Котевски сопствениците ги изнајмувале објектите на мигрантите за 1.500 евра месечно, а само за засолнување им се наплаќале од 5 до 10 евра без…

Read More
1 446 447 448 449