(ВИДЕО) Голем интерес за мерките на Агенцијата за вработување

(ВИДЕО) Голем интерес за мерките на Агенцијата за вработување

Од денеска активни се огласите за мерката Обука за стручни квалификации според барања на работодавачите, како и за Стручни обуки според барања на работодавачите, информираа надлежните од Центарот за вработување во Куманово. Според раководителката Марија Димитријевска, согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за годинава, во тек се и други огласи , како што е за напредни ИТ вештини, но и огласи за Субвенција на плати…

Read More

181 работодавачи не исплатиле плати на вработени за февруари и март

181 работодавачи не исплатиле плати на вработени за февруари и март

Вкупно 181 работодавачи не исплатиле плати на своите вработени за февруари и март, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца. Според Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош се проценува на  над 12. Милиони денари.
Најголем дел од работодавачите кои не исплатиле плата се од Скопје, 71, потоа од Тетово 53 и 27 се од…

Read More

Можно е укинување на полицискиот час од 15-ти јуни

Можно е укинување на полицискиот час од 15-ти јуни

„Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки“-, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, нагласувајќи дека е можно од 15 јуни да дојде до уште едно олабавување на мерките воведени поради вирусот ковид-19.
 

Read More

Кик-боксерите ќе учествуваат на турнир во БиХ

Кик-боксерите ќе учествуваат на турнир во БиХ

Четворица кик-боксери, членови на кик-бокс клубот Куманово 2006 викендов ќе учествува на меѓународен турнир во Сараево, Босна и Херцеговина. Турнирот го организира WAKO, Светската кик-бокс организација, а натпреварувачите ќе ги одмерат силите во различни дисциплини, возрасти и категории.
КБК Куманово ќе учествува со по двајца натпреварувачи во јуниорска и сениорска конкуренција. Во име на јуниорите ќе се натпреваруваат Лука Белковски и Александар Стоилковиќ, во категорија до -89, односно -94 килограми. Во сениорската конкуренција боите на Куманово…

Read More

(ВИДЕО) Ќе се обележат објектите од културно значење

(ВИДЕО) Ќе се обележат објектите од културно значење

Тим од вработени од Секторот за урбанизам при Општина Куманово, со поддршка на надворешни соработници, работи на проект за обележување на објектите од културно значење во Куманово. Имено, проектот кој е со поддршка на Асоцијацијата на градови со културно наследство на Република Франција и нивното Министерство за надворешни работи, а во кој се вклучени и градови од Албанија, има за цел да ги зајакне капацитети на заедниците. Се работи на инвентаризација на градбите со културно…

Read More

Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита  за месец мај 2021 година.
Од денеска, корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство .
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на…

Read More

МЗ: Вакцинирани вкупно 241.368 граѓани во државата

МЗ: Вакцинирани вкупно 241.368 граѓани во државата

Министерството за здравство информира дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 241.368 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.067 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.756 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 362.710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121.342 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,…

Read More

В сабота ќе се одигра претставата „ Приказна за една шума“

В сабота ќе се одигра претставата „ Приказна за една шума“

В сабота со почеток во 17 часот, ќе се одигра претставата „Приказна за една шума“, во НУЦК  „Трајко Прокопиев“.
Преставата е за најмладата публика и зборува за подигнување на свеста за заштита на животната средина околу нас.
Во претставата играат актерите Матеј Стојковски и Никица Јанковски.
Костимографијата е на Дарко Илиевски, а сценографијата на Крсто Богојевски.
Билетите се во продажба од денеска на билетарата во Центарот за култура. Цената на билетот е 50 денари за деца, а 100 денари…

Read More

Исплатени ученичките и студентските стипендии за јуни

Министерството за образование и наука информира дека се исплатени средствата за ученички и студентски стипендии за јуни.
Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во државата, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија.
Оваа практика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии која беше…

Read More

(ВИДЕО) Ракометарките го прославија успехот со градоначалникот

(ВИДЕО) Ракометарките го прославија успехот со градоначалникот

Ракометарките на ЖРК Куманово ја освоија двојната круна во Македонија, откако станаа шампионки на Македонија и го освоија Купот на Македонија. По тој повод  ракометарките се сретнаа со градоначалникот  Максим Димитриевски и му врачија медали во знак на благодарност за поддршката.

Read More
1 509 510 511 512 513 885