Се поставуваат тротоари на улицата „Стево Филиповиќ“

Жителите на улицата „Стево Филиповиќ“ која се наоѓа во населбата Перо Чичо, наскоро ќе добијат тротоари. Нови бекатон плочки ќе се постават и околу влезот на основното училиште Христијан Тодоровски Карпош. Во моментов се работи на ископи, се поставува тампон и рабни ивичници. 
Граѓаните велат дека на овој начин ќе се реши деценискиот проблем со нивната улица. Додаваат дека овој дел не е безбеден за пешаците,  особено за учениците кои немаат каде да се движат.
-Ако не…

Read More

Температурните разлики создаваат проблеми кај кумановци

Наглите промени на температурите негативно влијаат врз здравјето на граѓаните. Кумановци велат дека  имале можност да го искористат топлото време и да прошетаат на свеж воздух, но ниските температури во утринските и вечерните часови им создаваат сериозни здравствени проблеми. Само редовната терапија може да им помогне да се прилагодат на овие временските разлики, кои не се вообичаени за овој период од годината. Од наглите климатски промени најмногу се погодени децата. Од детското одделение при Општата болница,…

Read More

Заврши проектот Меѓуетничка интеграција

Во основното училиште Христијан Тодоровски Карпош денеска се одржа завршна манифестација на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, кој го спроведуваат со партнер училиштето Седми март од село Опае. По тој повод, учениците од двете училишта на македонски и албански јазик, изведоа богата културно-уметничка програма. Директорката на основното училиште Христијан Тодоровски Карпош, Лидија Костиќ истакна дека постои интерес за продолжување на соработката.
-Ова е круна на нивната работа досегашна, сите заеднички и самостојни активности, се планира…

Read More

ОУ „Наим Фрашери“ ќе добие нови тоалети

Основното училиште Наим Фрашери наскоро ќе добие уредени и опремени санитарни јазли. За оваа цел Министерството за образование и наука ќе одвои околу 50.000 евра. Директорот на училиштето Мухамед Зекери се радува што овој дологодишен проблем наскоро ќе биде минато. Вели дека со санацијата која е планирано да заврши до април наредната година, ќе се зголеми хигиената и ќе се создадат услови за нормално функционирање на голем број ученици кои тука се образуваат.
-Имаме работено на…

Read More

Прегазен велосипедист во Доброшане

Шеесет и двегодишниот велосипедист С.С синоќа бил прегазен од камион кој го управувал педесет и осумгодишниот М.Т,  во сообраќајна незгода што се случи на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населбата Доброшане.
До несреќата дошло во 17 часот и 45 минути, откако товарно моторно возило, движејќи се од периферијата кон градот, со предната десна страна удрило во велосипедистот. Повредениот веднаш со возило на Итна помош бил пренесен во болницата, но поради тешките телесни повреди со кои се…

Read More

Хируршката амбуланта се префрли во Ургентен центар

Хируршката амбуланта од денеска работи во новите простории во состав на Ургентниот центар. Се стави крај на проблемите со кои се соочуваше медицинскиот персонал кој со години работеше во лоши услови во подрумските простории на општата болница, но и пациентите кои бараа здравствена заштита во катастрофални услови.  Надлежните тврдат дека ова ќе биде минато  најавувајќи  подобри здравстени услуги, велат надлежните.
– Нашите пациенти ќе имаат голем бенефит во смисла на простории, потоа овде ќе 24 часовно…

Read More

Извисија вработените во Монопол- фабриката не се продаде

Триесетина поранешни вработени во тутунскиот комбинат Боро Петрушевски  -Папучар  денеска побараа од стечајниот управник да им објасни до каде е постапката за продажба на фабриката и конечно решавање на нивниот статус. Голготата на овие луѓе почнува од 2004-та година кога остануваат без работа, но бидејќи не им дадени отказни решенија, се сметаат како вработени и покрај тоа што не земале плата ниту пак им биле платени придонеси за целиот период се до март 2013-та година….

Read More

Се одржа трибина за дијабетес

„Дијабетес-превенција и лекување“ е тема на трибината која се одржа синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а ја организираше општинскиот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.  Трибината е по повод 14-ти ноември, Меѓународниот ден на борба против дијабетес, а пред присутените за типовите на шеќерната болест, дијагостицирањето, лековувањето, компликациите и превенцијата зборуваше Миомир Панковски, интернист од Центарот за јавно здравје од Куманово. Тој апелираше граѓаните при секој почувствуван симптом на пиење…

Read More

Промовирана стихозбирката „Година без лето“

„Година без лето“ е насловот на стихозбирката на Виолета Танчева Златева, која синоќа беше промовирана пред кумановската публика во градската библиотека „Тане Георгиевски“. За ова дело авторката ја доби овогодинешната награда Браќа Миладиновци, на Струшките вечери на поезијата. Делото кое излезе во печат во април годинава, обработува теми од секојдневието.
-Нема некоја конкретна тема за секој поет, тоа што го живее тоа го обработува во својата поезија, така е и со мене, почнувајќи од мојата секојдневна…

Read More

Сообраќајниците ќе ги обележуваат јавни претпријатија

Неизвесно е обележувањето на улиците во градот. По два пропаднати тендери за добивање изведувач, следното хоризонтално обележување на сообраќајниците најверојатно ќе го врши јавното претпријатие „ Водовод“. Ова денеска го најави градоначалникот Зоран Дамјановски истакнувајќи дека веќе се подготвува развојната програма за комуналното претпријатие која треба да биде усвоена до крајот на месецов, по што ќе започне имплементацијата.
 
– Во однос на хоризонталната сигнализација имаме еден период каде во две постапки не добивме изведувач што беше…

Read More
1 507 508 509 510 511 544