Опожарен автомобил на улицата „Пробиштипска“

Опожарен автомобил на улицата „Пробиштипска“

Вчера изутрина во  04:10 часот , 54 годишен граѓанин пријавил дека на улицата „Пробиштипска“  настанал пожар во неговото  патничко возило „пежо 308“, со кумановски регистарски ознаки, информира СВР Куманово.  Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Read More

Санкционирани осумдесетина кумановци за „брзо возење“

Санкционирани осумдесетина кумановци за „брзо возење“

Во текот на  осми и деветти мај годинава, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово спроведоа засилени контроли за санкционирање на возачите кои што возат со поголема брзина од дозволената на поширокото кумановско подрачје, информираат надлежните. Според СВР Куманово, при контролите санкционирани се 83 возачи кои што управувале со брзина поголема од дозволената, а откриени се и законски санкционирани  и 38 возачи на мотоцикли и 12 останати прекршоци.
СВР Куманово апелира до учесниците во сообраќајот…

Read More

Екипа на Ф.К Биџо освои прво место во Златибор

Екипа на Ф.К Биџо освои прво место во Златибор

Екипа на Ф.К Биџо Куманово со генерацијата 2010, за прв пат учествуваше на меѓународен турнир Златибор, кој го организираше фудбалскиот клуп Црвена Ѕвезда Ужице.
Турнирот се одржа од 3-ти до 6-ти мај на Златибор. Силите ги одмерија фудбалери и фудбалерки од 7 до 13 години, поделени во над 140 екипи во 7 категории.

Во категоријата 2010, екипата на Ф.К Биџо го освои првото место во борба со 30 екипи од целиот балкан. Од клубот велат дека тимот…

Read More

Бислимска клисура доби рекреативен еко-центар и спортска опрема (ВИДЕО)

Бислимска клисура доби рекреативен еко-центар и спортска опрема (ВИДЕО)

Градоначалникот Максим Димитриевски, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Тејада вчера во Бислимска клисура го промовираа проектот „Уредување и валоризација на спортско рекреативниот еко-центар Бислим“. Заедничкот проект за развивање на туризмот во североисточниот регион за кој беа доделени околу 8 милиони денари е отпочат пред година и пол. Со средствата беше набавена различна спортска опрема, појасни Димитриевски.
-Северо-источниот плански регион со едногласна одлука на сите градоначалници од регионот…

Read More

Опожарени градежен материјал и покрив на фирма во градот

Опожарени градежен материјал и покрив на фирма во градот

Градежен материјал и кровна конструкција на фирма од Куманово викендов биле опожарени, информира Регионалниот центар за управување со кризи. Според РЦУК, во фирма лоцирана на улицата „Индустриска“ биле опожарени даски и кровната конструкција во попладневните часови.
На терен интервенирала екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот бил изгаснат за околу половина час.
Причината за избувнувањето на пожарот и висината на материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат, се вели во соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи.

Read More

Куманово: 27 нови, 1 починато лице и 61 оздравен пациент од КОВИД 19

Куманово: 27 нови, 1 починато лице и 61 оздравен пациент од КОВИД 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 83, Куманово – 27, Битола – 16, Тетово – 14, Струмица – 13, Штип и Виница – по 9, Кичево – 7, Прилеп и Велес – по 6, Гостивар, Струга и Кочани – по 5, Охрид – 4, Радовиш, Крушево и Демир Хисар – по 3, Пробиштип,…

Read More

ВИДЕО: Отворена изложбата „Црно и бело“ на Ана Трајковска

ВИДЕО: Отворена изложбата „Црно и бело“ на Ана Трајковска

Во изложбениот салон на Центарот за култура денеска беше отворена изложбата насловена „Црно и бело“ на академската графичарка Ана Трајковска. Изложбата всушност е нејзин магистерски труд и е составена од принтови на најлон, изведени во големи формати.
 

Read More

ВИДЕО: Започна еко-акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

ВИДЕО: Започна еко-акцијата  „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Утрово започна акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ во која се вклучени општината, јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, АРМ и невладини организации поддржани од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Целта е преку расчистување на дивите депонии и засадување на дрвја да се зазелени градот, но и да се крене еколошката свест на граѓаните на повисоко ниво.
 

Read More

ВИДЕО: Болницата доби возило за брза интервенција

ВИДЕО: Болницата доби возило за брза интервенција

Општата болница во Куманово денеска доби донација-возило, од хуманитарното здружение „Јас сум Матејче“. Станува збор за возило кое е во сопственост на болницата Базел, Швајцарија.  Инаку од оваа здравствена установа информираат дека се стабилизира епидемиолошката состојба. Размислуваат и за намалување на ковид одделите.
-Вчера имаше 94 прегледи во амбуланта што воопшто не е мала бројка, но минатата и претходната недела имавме околу 150 до 200 прегледи, што сепак е намалување. Како што подоцна почна третиот бран…

Read More

Дел од кумановските средношколци ја бојкотираат наставата

Дел од кумановските средношколци ја бојкотираат наставата

– Бојкотот на наставата од страна на средношколците продолжува и затоа бараме од Министерството за образование и наука да го слушне нашиот глас. Бараме создавање услови на враќање на средношколците во училишните клупи и откинување од концептот за дигитализација на образованието кое што е предвидено сега. Сметаме дека образованието има посериозни проблеми како немање на материјални услови и немање на елемантарни услови за настава во одредени региони во земјава. Исто така неопремени лаборатории како и…

Read More
1 5 6 7 8 9 388