ВИДЕО: Завршен час од проектот „Млади атлети“ во „Кочо Рацин“

ВИДЕО: Завршен час од проектот „Млади атлети“ во „Кочо Рацин“

Во основното училиште „Кочо Рацин“ се одржа завршниот час од спортските активности наменети за деца со пречки во развојот, во рамки на програмата „Млади атлети“. Пилот проектот стартуваше во ова училиште, а надлежните од општината и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ најавуваат продолжување на проектот и во другите училишта. Активностите се изведуваат со помош на обучени наставници по физичко образование.
 

Read More

ВИДЕО: Празничната атмосфера ги развеселува граѓаните

ВИДЕО: Празничната атмосфера ги развеселува граѓаните

Со новогодишните светилки и декорации, празничната атмосфера е тука меѓу нас, на улиците во Куманово, велат граѓаните кои што денеска со своите дечиња и со внуците се фотографираа на градскиот плоштад. Годинава, првпат е украсен и малиот плоштад, а последните две години општина Куманово го разубавува  градот со сопствени новогодишни декорации.
 

Read More

Општината со јавна покана за поднесување даночна пријава за 2024 година

Општината со јавна покана за поднесување даночна пријава за 2024 година

Општина Куманово објави Ј А В Н А  П О К А Н А за поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2024 година и поднесување на пријава за утврдување на комунална такса за фирма на деловна просторија, односно фирмарина за 2024 година.  Даночната пријава за утврдување на данок на имот за 2024 година (образец ДИ) поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) и тоа за:
1.Имотот што го стекнал или почнал…

Read More

ВИДЕО: Буџетот за 2024-та над две милијарди денари

ВИДЕО: Буџетот за 2024-та над две милијарди денари

Со одлука на Советот на општина Куманово, буџетот за идната година изнесува над две милијарди денари.  Изградба на нов кружен тек, како и целосна реконструкција на малиот плоштад се само дел од капиталните проекти планирани за следната година.
 

Read More

ВИДЕО: Бесплатен јавен превоз и во наредните шест месеци

ВИДЕО: Бесплатен јавен превоз и во наредните шест месеци

Бесплатниот јавен превоз во Куманово ќе продолжи до крајот на јуни 2024 година. Од општинскиот буџет за таа намена ќе бидат исплатени 30 милиони денари. Во истиот период ќе се субвенционира и меѓуопштински линиски превоз со општина Старо Нагоричане, а вредноста на таа мерка изнесува 3 милиони денари.
 

Read More

ВИДЕО: ИПА Регион Куманово со донација за лицата со попреченост

ВИДЕО: ИПА Регион Куманово со донација за лицата со попреченост

Членовите на ИПА Регион Куманово во соработка со општинската организација на Црвниот крст донираа новогодишни пакетчиња на корисниците на Дневниот центар за лица со попреченост над 18 годишна возраст. Хуманитарната акција претставува прва официјална активност на Комисијата за млади, спорт и култура, формирана неодамна во рамките на ИПА Регион Куманово. Претседател на Комисијата е Гоце Николовски.

Read More

ВИДЕО: Се одржа вториот музички детски фестивал „Бисерчиња“

ВИДЕО: Се одржа вториот музички детски фестивал „Бисерчиња“

Во преполна сала на Занаетчискиот дом вчеравечер се одржа вториот музички фестивал на детски песни „Бисерчиња“ организиран од Асоцијацијата за уметност и култура „МУЛТИ АРТ“ и Телевизија Плус. Присутните имаа можност да ги проследат и видео спотовите за песничките со кои што се претставија 14-те учесници. Настанот е поддржан од општина Куманово и општествено одговорни компании од градот.

Read More

Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња

Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња

Членовите на Здружението на граѓани „Коледари“ , во пресрет на божиќните празници вчера ги набраа коледарските гранчиња во село Колитско. Откако чуварите на традицијата  се собраа во Коледарскиот клуб во населба Карпош,  организирано тргнаа кон селото да ја остварат својата мисија, односно да наберат гранчиња кои што на лице место се осветуваат од свештено лице и на шести јануари- Бадник секоја година се делат на граѓаните на Куманово, на организирана прослава на градскиот плоштад. Да…

Read More

ВИДЕО: Чевларите го слават Свети Спиридон

ВИДЕО: Чевларите го слават Свети Спиридон

Чевларите од Куманово денеска го слават Свети Спиридон, светецот кој тие го сметаат за свој заштитник. Куманово некогашен чевларски град, во последно време се соочува со недостиг на квалификувана работна сила, но и со значително помал број на чевларски фирми. Ова се потврдува со фактот  што членството на здружението на чевлари „Куманово“  за три години е намалено повеќе од три пати.  Фирмите очекуваат наредната година да биде поуспешна за чевларската индустрија.
 

Read More

Одбележување на Недела на забоздравствена заштита

Одбележување на Недела на забоздравствена заштита

Црвен крст на Македонија – Општинска организација Куманово, и оваа година традиционално во периодот од 15-21 декември ја одбележа Неделата на забоздравствена заштита под мотото „Здрави животни навики за здрави насмевки”. За таа цел, на 22 декември по повод неделата, волонтерите ги посетија дечињата во детската градинка „Ангел Шајче“, објект – Кокиче и на присутните им беа подарени четки за заби, а воедно и заедно зборуваа за важноста од одржување на забоздравствена заштита, како и…

Read More
1 3 4 5 6 7 884