СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(37 години) и А.Д.(40 години), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавените, вработени во Царинска управа на работно место Цариник во Отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце, извршувајќи ги службените работни задачи постапиле спротивно на Упатството за спроведување на царински постапки во патничкиот промет и Упатството за привремен увоз…
Read MoreРотатор
ВИДЕО: Повик за организација која ќе раководи со Младинскиот центар
Општина Куманово ги повикува сите младински организации и организации за млади кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации и Законот за младинско учество и младински политики, да поднесат пријава за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово.
Согласно одлука донесена на седница на Советот, општина Куманово основа Младински центар кој преку јавен повик ќе биде доделен на управување на младинска организација или организација за млади во…
В недела летно сметање на времето
Летното сметање на времето годинава ќе започне на 26-ти март во 02 часот со поместување за еден час нанапред, односно времето во 02 часот се смета како за 03 часот.
Според одлуката на Владата на денешната седница, летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.
Кривична пријава против две лица поради насилство
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(51 години ) и Б.Т.(47 години), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“. На 09-ти минатиот месец на место викано ,,Маркова нива“, пријавените започнале физичка пресметка со П.Т., по што Н.С. со неговото возило му ја прегазил ногата на П.Т., нанесувајќи му тешка телесна повреда, информира полицијата.
Read MoreИсплата на мартовските пензии од 28 март
Владата, на седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година.
Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27-ми месецов.
Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28-ми.
Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и…
Исчезнато 14-годишно девојче
Триесет и седумгодишен кумановец вчера во кумановската полиција пријавил дека од домот се оддалечила неговата 14-годишна, која имала здравствени проблеми, а која и претходно се оддалечувала од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира полицијата.
Read MoreНа Табановце приведен Србин
На граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ј.(49 години) од Република Србија затоа што при извршена проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал на стоп листа и се барал по телеграма од СВР Куманово. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Read MoreСредните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно
Во средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка повеќе не ќе може вонредно да се запишуваат ученици. Од Министерството за образование и наука за МИА потврдија дека во овие училишта е пратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување.
Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка.
Неофицијално, заинтересирани се најчесто кандидати со завршено средно образование,…
МВР: На вонреден технички преглед 179 автобуси и други возила
Во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 32 прекршоци, од кои 20 поради неисправен уред за запирање…
Упатени на вонреден технички преглед се 179 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.
МВР санкционираше околу двеста возачи во текот на вчерашниот ден
Во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи. Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 102 возила ја пречекорилe брзината во населено…
Read More