Неколку обиди за криумчарање на стока

Неколку обиди за криумчарање на стока

Мобилните царински тимови на граничниот премин Табановце спречиле обид за криумчарање 134 паковки лекови, и 100 килограми тутун за воедено луле со вкупна вредност од околу 195 илјади денари. Царинската управа на Република Македонија информира дека минатата недела, тутунот бил откриен при контрола на српски камион, управуван од српски државјанин, пријавен за излез од државата. Непријавениот тутун, пронајден во 6 најлонски вреќи, сместени под долниот кревет и на горниот кревет, во кабината на возилото, се…

Read More

Оштетен билборд на ВМРО-ДПМНЕ

Оштетен билборд на ВМРО-ДПМНЕ

Оштетен  билборд со промотивен политички материјал на коалицијата „ За подобра Макеодонија“  изминатиот викенд е регистриран на булеварот „Октомвриска револуција“ . Сторителите се уште не се познати, а искинатата плаката била  забележана од членови на ВМРО ДПМНЕ.  Од партијата сметаат дека СДСМ својата немоќ и свесност од загуба на претстојните избори ја изразуваат со нецивилизирано однесување.
– Деструктивната кампања на СДСМ продолжува и во текот на кампањата, затоа што немаат реална програма со која ќе излезат…

Read More

Андонов: Спасовски го крши Законот за избори

Андонов: Спасовски го крши Законот за избори

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи,Оливер Андонов денеска оствари работна посета на СВР Куманово. Освен што се запознал со безбедносната состојба на подрачјето што го покрива и со подготвеноста на СВР Куманово за спроведување на изборите, на денешниот состанок Андонов  укажал на раководството за вршењето на мобинг врз полициските службеници. Според него, согласно Законот за избори и укажувањето на државната комисија за антикорупција,утврдено е дека се забрануваат какви било преместувања и со решенија и со…

Read More

Спасовски најави градинка во населба Карпош

Спасовски најави градинка во населба Карпош

Носителот на листата на изборната единица 2, на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, Оливер Спасовски синоќа пред жителите на населбата Карпош промовираше дел од мерките кои се предвидени во програмата План за живот во Македонија. Тој вети дека меѓу приоритетни проекти за овој дел од градот е изградба на нова детска градинка, но и решавање на проблемот со стечајните работници.
-Досега во Македонија имаше бенифициран работен стаж за војската, полицијата, рударите и пожарникарите, најавуваме дека…

Read More

Затворена изложбата на четири српски уметници

Затворена изложбата на четири српски уметници

Во галеријата на Македонската академија на науки и уметности викендов свечено беше затворена изложбата на слики насловена Добровиќ, Шумановиќ, Коњовиќ, Шупут- Европски контексти, која ја реализираше Галерија Матица српска во рамки на меѓународна соработка.  Љубителите на уметноста имаа можност да видат 40-ина дела на значајни српски уметници Петар Добровиќ, Сава Шумановиќ, Милан Коњовиќ и Богдан Шупут, благодарение на соработката помеѓу МАНУ, Српската академија на науки и уметности, Амбасадата на Република Србија во Македонија, со поддршка…

Read More

Промовирана „ Црните страници на УДБА“

Промовирана „ Црните страници на УДБА“

Државниот Архив на Република Македонија денеска во Куманово ја промовираше едицијата „ Црните страници на УДБА“.  Едицијата содржи  извештаи од тајната полиција во кои е опишано што се случувало во Македонија во периодот од 1945 до 2000 година. Директорот Филип Петровски вели дека во кумановскиот театар освен театарски, се одвивале и некои други претстави, односно луѓе кои што биле присутни на сцената и позади неа , кои што доаѓале во бифето на театарот подоцна оделе…

Read More

Се одржа регионален противпожарен натпревар

Се одржа регионален противпожарен натпревар

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска се одржа 32-от регионален противпожарен натпревар за ученици од основни и средни училишта, во организација на противпожарниот сојуз на Република Македонија. Во категоријата кадети победата ја однесоа учениците од основното училиште Крсте Мисирков, кои се натпреваруваа со основците од Кратово, Пробиштип и Свети Николе.
-32 години одржување на вакви натпревари тоа е навистина голема бројка, во натпреварите учествувале  над 1.000 ученици. Тие имаа можност да научат нешто повеќе за…

Read More

Изложба „Мотивите -белег на традицијата“

Изложба „Мотивите -белег на традицијата“

„Мотивите -белег на традицијата“ е етнолошка изложба која што ќе биде отворена утревечер во уметничката галерија. Автот на изложбата е Надица Петковиќ, кустос етнолог во Музеј Куманово. Како што најави дирекорката Анита Цветановска ќе бидат изложени голем број на етнолошки предмети од депото на етнолошкото одделение.
-Уште еднаш ќе потврдиме дека она што нашите кустоси бидејќи кустос е чувар на културното наследство дека не само што го чуваат во депо богатото културно наследство туку пред се…

Read More

Димитриевски: Имаме решенија за земјоделците

Димитриевски: Имаме решенија за земјоделците

Кандидатот за пратеник од социјалдемократскиот сојуз на Македонија во изборната единица 2, Максим Димитриевски денеска пред Зелениот пазар презентираше дел од мерките од Планот за живот во Македонија, кои се однесуваат на земјоделството. Тој најави поддршка од 50 проценти за купување прво стадо добиток и поефтина нафта. Додаде дека според планот на СДСМ земјоделците ќе можат три години бесплатно да користат земјиште, а дури по четвртата година е предвидено да плаќаат надоместок.
-Земјоделецот денеска е жртва…

Read More

Изложба на графики и објекти на Јовановска

Изложба на графики и објекти на Јовановска

„Буквата за себе и човекот“ е насловот на изложбата на графики, објекти и видео на авторката Ана Јовановска, која ќе се отвори утревечер во 19 часот и 30 минути во Центарот за култура Трајко Прокопиев.
Според професорот Мирко Вујисиќ делата од изложбата заокружуваат еден процес презентиран преку графики (традиционални и нетрадиционални), објекти и видео. Ова визуелно истражување е обид за разработка на човековата природа, општеството на паралела со јазикот и прикажување на поврзаноста на структурите во…

Read More
1 846 847 848 849 850 926