Ќе се надмине проблемот за собирање на смет

Ќе се надмине проблемот за собирање на смет

Од понеделник ќе се надмине проблемот со изнесување и депонирање на смет,  односно ќе се врати стариот работен режим според кој функционираше јавното претпријатие Чистота и Зеленило, истакна на последната седница на Советот на општина Куманово, директорот Сашо Петрушевски. Тој нагласи дека нередовното изнесување на смет ќе стане минато, бидејќи се решени дефектите на 9-те камиони. Советниците од опозицијата кои го покренаа ова прашање, истакнаа дека изминатиов период, постојано добивале забелешки од граѓаните за овој…

Read More

Отпочна проектот „Зајакнување на партиципативна демократија“

Отпочна проектот „Зајакнување на партиципативна демократија“

Kолку граѓаните и претставници од граѓански организации учествуваат во процесот на донесување одлуки на локално ниво беше тема на денешната средба во Куманово што ја организираше Фондацијата за развој на локалната заедница со претставници на граѓански организации од североисточниот регион. Оваа средба со фокус групата е дел од проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“, финансиран од ЕУ, преку инструмент за демократија и човекови права.
-Во фаза е подготовка на севкупна анализа на состојбите на процесот на учеството…

Read More

Советниците бараат дислокација на дрвосечачите

Советниците бараат дислокација на дрвосечачите

Со доаѓањето на летниот период и тротоарите околу зелениот пазар секоја година  се окупираат  од трактори и други превозни средства во кои што се продава најчесто бостан и пречат во движењето на пешаците, но и во сообраќајот. За овој проблем се дискутираше на последната седница на советот на општината кога советникот Мирослав Стојановски ги праша  надлежните кога ќе бидат дислоцирани возилата.
Градоначалникот Зоран Дамјановски потенцираше дека во соработка со полицијата и со инспекциските служби често организираат…

Read More

Учениците денеска добија сведителства

Учениците денеска добија сведителства

Во основните и средни училишта во градот, денеска на пригодна свеченост беа доделени сведителствата на учениците. Најмногу на сведителствата им се израдуваа најмалите. Тие се сретнаа со наставничките, основците и средношколците со класните раководители  при што зборуваа за постигнатиот успех во изминатита 2015-2016 учебна година. Професорите истакнаа дека се задоволни од сработеното.
-Заврши уште една учебна година 2015-2016 во нашето училиште се делат свeдителства, успешно ја завршивме годината, задоволни сме од работата на учениците веќе се…

Read More

Продолжува реконструкцијата на улиците во градот

Продолжува реконструкцијата на улиците во градот

Високите температури не ја намалија динамиката на реконструкции на улиците во градот. Освен што се работи на подготовка на асфалтирање на улици во приградските населби, се крпат ударните дупки во центарот и паралелно се обележуваат пешачките премини. Приоритети при обележувањето се улиците покрај градинки, училишта, здравствени установи и државни институции. Зависно од метежот, се настојува првин целосно да биде покриено централното градско подрачје, но се работи и во периферијата. За оваа намена општина Куманово одвои…

Read More

80 проценти од засадените дрвца се прифаќаат

80 проценти од засадените дрвца се прифаќаат

Околу 3.000.000 садници годишно се произведуваат во расадникот на кумановската подружница на јавното претпријатие „ Македонски шуми “. Садниците се користат за пошумување на површини во трите општини, но доколку граѓаните сакаат да купат тоа можат да го сторат во расадникот  познат меѓу граѓаните како  „Режановски врби“.
-Ние се подготвуваме за расадник бидејќи планираме во есен околу 200 хектари површина пошумување во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, значи секоја година по 200 до 300 хектари пошумување…

Read More

Надлежните порачаа да запрат тепачките на етничка основа

Надлежните порачаа да запрат тепачките на етничка основа

Низата физички пресметки на национална основа, се причината поради која денеска одржа состанок Локалниот совет за превенција. Статистичките податоци на СВР Куманово покажуваат дека од почетокот на годинава се случиле пет тепачки, од кои дури три во мај. Во повеќето се вклучени малолетни лица. Надлежните истакнаа дека овие случаи се пријавени и расчистени и дека не станува збор за алармантна бројка. Додадоа дека целта треба да биде не е само репресивно туку и превентивно делувања,…

Read More

Пожар го зафати хотел „Кристал“

Пожар го зафати хотел „Кристал“

Последниот кат од поранешниот хотел Кристал, кој се наоѓа во центарот на градот, денеска околу 11 часот го зафати пожар. Екипа на територијалната противпожарна единица, со едно возило и петмина пожарникари, еден час го гаснеше пожарот. Во истиот е причинета незначителна материјална штета.
-На најгорниот кат биле зафатени кебиња, чаршафи, дрвени сталажи на кои имало материјали за работа и слично-истакна Деан Илиевски, командир на ТППЕ.
Од територијалната противпожарна едниница укажаа дека веќе неколку пати интервенирале на пожари…

Read More

Шестгодишно дете загина во лифт

Шестгодишно дете загина во лифт

По наредба на Основното јавно обвинителство Куманово ќе се вештачи лифтот во кој вчера загина шестгодишно дете. Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје и треба да ги утврди причините за несреќата.
По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издал  наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за…

Read More

Работилница општествена одговорност и граѓанско учество

Работилница општествена одговорност и граѓанско учество

Над 50 претставници на локалната самоуправа, месни заедници, граѓанскиот сектор, јавни институции, ранливи категории присуствуваа на пленарна работилница, за партиципативен развој на сценарија за подобрување на општествената одговорност и граѓанско учество на локално ниво, која ја организираше Коалицијата за одржлив развој.
Работилницата е во рамки на програмата за урбано партнерство и зајакнување на капацитетите на локалните власти во Југоисточна Европа на Светската банка Австрија.
Присутните имаа можност да ги мапираат можните решенија и чекорите за зајакнување на…

Read More
1 865 866 867 868 869 921