Маскенбал „Батко Ѓорѓија 2016“

Традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија 2016 “во организација на општина Куманово ќе се одржи во сабота на 14-ти  мај на градскиот плоштад. На манифестацијата ќе учествуваат околу 2.000 ученици од најмала возраст до средношколците, а ќе се претстават со повеќе од 40 поединечни и групни маски.
– И оваа година ќе има две маски од струмичкиот карневал Тримери, ние се залагаме општина Куманово и Куманово да биде членка на Европската асоцијација на карневалските градови за која треба…

Read More

Кабинет по моден дизајн ќе добие „Перо Наков“

Кабинет по моден дизајн наскоро ќе добие економското училиште Перо Наков. За оваа цел ќе бидат одвоени средства во висина од 3.600 евра, кои се донација од германската амбасада.
-Заедно со Секторот за стратешко планирање и локален економски развој колешките од профилот за моден дизајн аплициравме за проект и добивме помош од страна на германската амбасада. Помошта се состои во опремување на кабинет односно училница за одржување на настава од профилот дизајн на облека, кој ќе…

Read More

Одбележан Денот на победата над фашизмот

Со пригодна програма денеска на Спомен костурница беше одбележан 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот. По тој повод свежо цвеќе положија претставници на локалната самоуправа, Советот на Општина Куманово, Сојузот на борците, Министерството за внатрешни работи, политичките партии, училиштата, јавните претпријатија и невладини организации. Со едноминутно молчење им беше одадена почит на паднатите борци од НОБ, и беше интонирана македонската химна.  Пред присутните се обрати првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски кој истакна дека…

Read More

Една година од настаните во Диво насеље

После една година од настаните во кумановско Диво насеље жителите не можат да ги заборават пукотниците кои што утрово на 9 мај ги разбудиле, но тоа не се одразува врз меѓуетничките односи во Куманово. Во населбата Тоде Мендол во која што околу 30 проценти се граѓани од македонска националност,  останатите се Албанци има стабилен соживот. Пораката која што денеска ја испратија е никогаш  повеќе да не се повтори таква акција за разбивање терористичка вооружена група…

Read More

Ветераните го одбележаа Денот на полицијата

Здружението на армиски и полициски ветерани денеска го одбележа 7-ми мај, Денот на македонската полиција. По тој повод членови на здружението положија свежо цвеќе пред фотографија на загинатите бранители во конфликтот од 2001 година. Фотографијата беше поставена во близина на споменикот Жена борец, од каде што тие уште еднаш упатија апел дека хероите кои што ги дадоа животите за одбрана на државата,  заслужуваат да имаат спомен обележје.
-Oва е единствен град во Република Македoнија каде нема…

Read More

ГРОМ бара споменик за загинатите од Диво насеље

Општинската организација на ГРОМ Куманово соопшти дека ќе бара да се изгради спомен обележје во градот, во чест на загинатите 8 полициски службеници, при минатогодишната акција во Диво насеље. Нивниот предлог ќе биде поднесен до Советот на општина Куманово, како единствен надлежен орган кој може да донесе одлука за тоа прашање. Од ГРОМ нагласија дека 9-ти мај не смее да се заборави, како и 8-те бранители кои давајќи ги своите животи, дадоа голем придонес битката…

Read More

КК Куманово реагира на нефер судење

Кошаркарскиот клуб Куманово денеска реагираше на неколкуте фактори кои според нивно мислење имале влијание врз конечниот резултат. Од клубот сметаат дека е недозволиво да се има неизедначен критериум на судење, во овој ранг на натпреварувањето.
Според нив во првото полувреме Куманово имало 16 лични грешки, а Карпош Соколи само 7. На крајот на натпреварот тој оност резултирал со дури 36 изведени слободни фрлања на домашната екипа, а само 18 на гостите.
-Може да се споменат и повеќето…

Read More

Успешна крводарителска акција во чест на Александар Ковачевски

Голем број колеги, пријатели, припадници на АРМ , членови на Здружението на армиски и полициски ветерани и почитувачи на ликот и делото на Александар Ковачевски, денеска беа дел од крводарителската акција , организирана во Клубот на ветераните„Христијан Тодоровски Карпош“.  Освен што бил член на здружението, Ковачевски бил и редовен крводарител .
-Од една страна се чувствувам исполнета, од друга страна се разбира во срцето има празнина , се чувствува празнината , три години поминаа , 4-та…

Read More

Гимназијалци во посета на Санкт Петербург

Ученици од гимназијата Гоце Делчев во сабота ќе заминат на еднонеделна посета во збратименото училиште Гимназија 13, во Санкт Петербург, Русија. Шеснаесетчлената делегација ќе присувствува на часови и ќе посети повеќе знаменитости во Русија. Целта на посетата е да се популаризира рускиот јазик.
-16 члена делегација заминува од кои 10 се ученици, 5 професори и директорот на училиштето, од кои имаме и претставник на Советот на Куманово. Секогаш се наоѓаат теми за разговор, ние веќе сме…

Read More

Одбележани 36 години од смртта на Тито

Почитувачите на ликот и делото на Тито денеска положија свежо цвеќе пред бистата  на градскиот плоштад. На денешен ден пред 36 години почина  доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито, кој беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година.
-Немаме потреба да се срамиме и да не го почитуваме делото на другарот тито, њујоршки тајмс пишува дека тито  е еден од најголемите водачи на Балканот во неговото време , тоа го покажа…

Read More
1 880 881 882 883 884 926